• Услови за користење
  • Импресум

Вести

  • ОДРЖАНА 5-ТА ИТНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ
    Posted in: Вести, Радовиш

    Советот на општина Радовиш вчера ја одржа V – итна седница на која беше разгледуван дневен ред од осум точки. Советниците разгледуваа и донесоа одлуки за Ракометниот клуб а.д. Радовиш, а исто така беа одобрени и финансиски средства за награди за претстојниот празник Богојавление-Водици.   Извор: radovis.gov.mk

  • ОД ПОЛНОЌ НОВО ПОСКАПУВАЊЕ НА ГОРИВАТА ВО МАКЕДОНИЈА
    Posted in: Вести, Магазин, Македонија

    Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот за 1 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Според последната корекција, од полноќ, литар дизел ќе се точи за денар поскапо и сега ќе чини 59.5 денари по литар.  Не се менува цената на ЕУРОСУПЕР БЦ 95  и таа ќе биде 66.5 денари за литар додека 98 октанскиот ќе […]

  • ЗДРУЖЕНИЕТО ИНВЕНТИВНОСТ ОД РАДОВИШ ГО РЕАЛИЗИРАШЕ ПРОЕКТОТ: „СПОДЕЛЕНА ПРЕТПРИЕМАЧКА ОКОЛИНА ЗА КРЕАТИВНА МЛАДИНА“
    Posted in: Вести, Македонија

    Здружение ИНВЕНТИВНОСТ од Радовиш, во соработка со партнерите, Фондација за културен и интелектуален развој “Оптимист“ од Гоце Делчев Бугарија, го имплементираат проектот “Споделена претприемачкa околина за креативна младина”. Проектот е финансиран од Европската Унија, од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија. Имплементацијата на Проектот е насочена да помогне за надминување […]

  • РАСПИШАН ОГЛАС ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ИЗБОР НА СПОРТИСТ, СПОРТСКА ЕКИПА И ТРЕНЕР ЗА 2017 ГОДИНА
    Posted in: Вести, Соопштение, Оглас, Известување

    Општина Радовиш распиша Оглас за предлагање на кандидати за избор на спортист, спортска екипа и тренер за 2017 год. како и за спортски работник за повеќегодишна работа Дел од критериумите: Комисијата за култура, образование и спорт ги повикува сите спортисти и спортски екипи од општина Радовиш, кои имаат остварено спортски успеси во текот на 2017-та година, да […]

  • СЕ ПОДОБРУВА ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТОЈБА НА РАКОМЕТАРОТ ЛЕВОВ
    Posted in: Вести, Спорт

    Позната здравствената состојба на македонскиот ракометар по страшната сообраќајка Поранешниот репрезентативец на Македонија и актуелен ракометар на РК Радовиш, Милан Левов веќе не е во животна опасност и неговата здравствена состојба се подобрува. Некогашниот член на екипите на Вардар и Металург имаше сообраќајна несреќа пред шест дена и беше сместен во Клиничкиот центар во Скопје […]

  • КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА
    Posted in: Вести, Информатор

    На ден 09.01.2018 година (Вторник) од 09.30 до 14:00 часот, Општинската организација на Црвен крст Радовиш заедно со Институтот за трансфузиона медицина Штип организира акција за дарување на крв. Акцијата ќе се одвива во просториите на Општинската организација Црвен крст Радовиш. Факти за крводарувањето: -Дарувањето на крв е доброволно, анонимно и бесплатно. -Крводарител може да […]

  • ХУМАНИТАРНАТА АКЦИЈА „БОЖИЌНА ТРПЕЗА“ ПО СЕДМИ ПАТ ПО ПОВОД БОЖИЌНИТЕ ПРАЗНИЦИ
    Posted in: Вести

    Денес во просториите на Библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Радовиш по седми пат беше поставена традиционалната хуманитарна акција „Божиќна трпеза“. Оваа хуманитарна акција е по повод Божиќните празници, под покровителство на Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов, во организација на „Женска акција“ и Студио за модерен балет „Газели“ од  Радовиш. Основната цел на акцијата е да […]

  • ПОВТОРНО МОЖНОСТ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИ
    Posted in: Вести, Македонија

    Од денеска повторно може да се поднесуваат барања за легализација на дивоградби, откако стапија во сила последните измени на Законот за третман на бесправно изградени објекти, усвоени од Собранието на 22-ри минатиот месец. Дополнителниот рок за поднесување барање за легализација е до крај на годинава, а со законските измени се овозможи дополнителен рок и за […]

  • ДИЗЕЛ ГОРИВОТО ПОСКАПО ЗА 3,5 ДЕНАРИ ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕНАТА АКЦИЗА
    Posted in: Вести, Магазин, Македонија

    Првиот ден од 2018 година донесе повисока цена на дизел горивото, кое сега чини 3,5 денари повеќе од претходно, поради зголемената акциза, која порасна за толкав износ. Од вчера на бензинските станици дизел горивото чини 58,5 денари. Зголемувањето на акцизата беше најавено на почетокот на ноември при презентацијата на предлог буџетот за 2018 година. Тогаш […]

  • СЕРИЈА ЗЕМЈОТРЕСИ: ПОЧУВСТВУВАНИ И ВО РАДОВИШ СО ИНТЕНЗИТЕТ ОД 5 СТЕПЕНИ
    Posted in: Вести, Магазин

    Доцна синоќа, по 23 часот, се регистрирани серија земјотреси кои потекнуваат од дојранското епицентрално подрачје, но најсилниот, со интензитет од VI-VII степени според Европската макросеизмичка скала, бил утрово во 5 часот и 24 минути.  Како што информира Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, овој земјотрес на 145 километри југоисточно од Скопје, со магнитуда од 4,8 по […]

Временска прогноза