ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА „НАХРАНИ 10.000“ СПРОВЕДЕН И ВО РАДОВИШ

Црвен крст на Република Македонија -Општинска организација Радовиш заедно со Клуб на млади при ООЦК Радовиш се вклучија во националната собирна акција ,,Нахрани 10 000“.
На ден 06.09.2018 во Радовиш и во уште 9 градови низ државата се собираше конзервирана и нерасиплива храна.

Акцијата е иницијатива на здружението ,,Ајде Македонија”, а се спроведува во соработка со многу други здруженија и организации.


Целта е оваа акција да прерасне во традиција и да се одржува еднаш месечно, а собраната храна да нахрани 10 000 луѓе на ниво на Република Македонија. 
Во Радовиш беа собрани 190 кг храна која ќе биде доставена до социјално загрозени семејства и поединци во Општина Радовиш.


 




 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза