• Радовиш
  • Услови за користење
  • Импресум

РАДОВИШКИ КОМПАНИИ СО ДОНАЦИИ НА МЕДИЦИНСКА ЗАШТИТНА ОПРЕМА И ДРУГО…

Млекара Ѓоргиеви во координација со Бестфуд ти доо во текот на денешниот ден изврши донација на медицинска заштитна опрема (хируршки ракавици, капи, кајлачи, маски за повеќекратна употреба) во ЈЗУ Здравствен дом Радовиш како и во болниците задолжени за КОВИД 19 – Градска болница „8-ми Септември“ – Скопје, Јзу Клиничка Болница Битола и ЈЗУ Општа болница Куманово.

Се надеваме дека и многу други компании ќе ни се приклучат во оваа иницијатива, затоа што колективното здравје е пред сѐ! – истакнуваат од компаниите Best Food и Млекара Ѓоргиеви.


ЈЗУ „Здравствен дом“ искажа благодарност до сите компании кои имат донирано медицинска опрема и други потребни работи, како што се Best Food и Млекара Ѓоргиеви, а исто така истакнаа благодарност до „Јован Петрол Оил Доо“ , за донацијата – машина за сушење на униформи и заштитна опрема за медицинскиот персонал во ЈЗУ „Здравствен дом“ Радовиш .

Со оглед на настанатата вонредна ситуација а со цел да дадеме поддршка во намалување на ризикот на проширување или заразување со Ковид 19 на ден 24.03.2020 год (среда) од страна на Претседателот на здружението на граѓани Серта од Конче, Ванчо Стојанов, беше донирано поголема количина на вода и сокови за Црвен крст- Општинска организација Радовиш.

Истите во текот на неделата ќе бидат донирани на загрозени семејства и лица сместени во домашен карантин на територија на општина Радовиш и Конче.

 

ЈП „Плаваја“ искажа благодарност до компанијата „Штип-Текс“ за донацијата на заштитни маски за вработените, кои ги доставуваат комуналните услуги на граѓаните.




 

Related Articles

Временска прогноза