Министерот додаде и дека само преку најновите технологии може да се придонесе за економскиот и социјалниот напредок во дигиталната ера, а таа цел може да се постигне само со вложување во најмладите.
Фондот за иновации и технолошки развој има посебна програма наменета за младите и ќе продолжи да дава поддршка на вакви иницијативи и активности рече директорот Јован Деспотовски.
„Навистина сум среќен што сум денес на отворањето на Првата Лего лига во Македонија. Поддршката што ФИТР минатата година ја даде на еден тим ученици од Кочани за учество на глобален натпревар во САД еве веќе се проширува и прераснува во национален натпревар, со над 100 учесници. Фондот наскоро ќе излезе со нова иницијатива за развој и поддршка на
талентирани деца,“ најави Деспотовски.
Инаку натпреварот е во организација на Факултет за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, а учествуваат 10 тимови од Кочани, Виница, Струмица, Скопје и Штип. Тимовите кои ќе ги освојат првите две места ќе одат на регионалниот натпревар што ќе се одржи во Целје, Словенија на 16 март 2019 година. Натпреварите од оваа лига се организираат во целиот свет, а оваа година учествуваат околу 40,000 тимови од 98 земји. Факултетот лиценцата за натпреварот ја доби од својот партнер „Завод Супер Главче“ од Словенија, кој е одговорен за овој регион.