Викендот што измина во подареш беше одржан II-от Меѓународен фолклорен фестивал,,ЕСЕНСКИ ПЛОДОВИ”.
Овој фестивал беше во организација на ФА Подарешани млади, а финансиран од помагатели-сограѓани од оваа населено место, и пријатели на ФА Подарешани – од организаторот истакнаа благодарност до сите што помогнаа во оваа организација на овој фестивал.
Иако временските услови многу не беа наклонети за вистинската замисла на органзиаторот, сепак овој фестивал помина во најдобар ред со дружење, музика и фолклор од страна на сите учесници од Република Македонија и гостите КУД „Соко“ од Сокобања, Србија
Заслужени награди и признанија беа доделени на учесниците и најдобрите фолклорни ансамбли.
Фа Подарешани Млади
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови