ИНТЕРВЈУ: ЉУПЧЕ МИЈАЛОВ „РК РАДОВИШ ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА НОВАТА НАТПРЕВАРУВАЧКА СЕЗОНА“

Кои се амбициите на РК Радовиш, како ќе течат подготовките и дали сме подготвени и ја имаме поддршката како клуб, можете да се информирате во ексклузивното интервју за RadovisNews на Љупче Мијалов – тренерот на РК Радовиш.


Минатата сезона бевте на линијата пред Плеј-оф завршницата, но за малку не можевте да успеете. Какви се амбициите за оваа сезона?

 

Љупче Мијалов: Амбициите се секогаш за што повисок пласман на табелата – првенствено сигурен опстанок и секако доколку ни се укаже шанса борба за Плеј-оф. Ќе биде многу тешко бидејќи оваа сезона сите екипи се доста силни нема слаб противик ама ќе се бориме до крај.

Ги започнувате подготвките, каде ќе се одвиваат и како се планирани. Знаејки дека сезоната започнува на 7 септември?

 

Љупче Мијалов: Започнуваме во Радовиш во повеќенаменскиот спортски терен во СОУ „Коста Сусинов“, една недела ќе сме тука  па доколку можеме би требало да отидеме на висински подготовки на нашата планина Плачковица 8-10 дена, за потоа да продолжиме во спортската сала во Радовиш, а кон средината и крајот на август се планирани и пријателски-контролни средби.

Какво е вашето гледање, дали РК Радовиш има услови и финансиска поддршка пред почетокот на сезоната, ги има ли потребните услови за успешен старт?

 

Љупче Мијалов: Услови имаме секако не се идеални ама тоа е. Се прилагодуваме на нив, финансиска поддршка имаме од општината и помош од некои спонзори, истотака сме една од екипите со најмал буџет споредбено со другите екипи ама сме стабилни како клуб има соработка помеѓу сите нас. Новина е оваа година добиениот ваучер од државата и доколку успееме да го реализираме ќе биде многу подобро.

Успесите на младинските категории се видливи во минатите сезони. Дали РК Радовиш како ракометен клуб има иднина и нови млади имиња кои ќе бидат дел од првиот тим на РК Радовиш?

 

Љупче Мијалов: Секако иднината е во младите. Во нашиот клуб веќе 5-6 играчи се од младинскиот тим и се наметнуваат како првотимци. Имаме пионери, кадети и младинци се работи со нив и очекуваме поголема масовност и приклучување на нови дечиња во новата сезона.

За крај што ќе им порачате на љубителите на спортот и ракометот од Радовиш?

 

Љупче Мијалов: Ракометниот клуб Радовиш единствен од тимовите од нашата општина кој се натпреварува во најквалитетен и нависок ранк на натпреварување во државата, ние ќе дадеме се од себе како тренери, управа и екипа. Упатувам покана и апел до сите љубители на спортот и ракометот да ги следат нашите натпревари, не бодрат и уживаат во натпреварите.

Интервјуто го реализираше редакцијата на www.radovisnews.mk


 






 






 

 



 




 

Related Articles

Временска прогноза