ОПШТИНА КОНЧЕ УСПЕШНО СЕ СПРАВУВА СО НОВИТЕ ВРНЕЖИ НА СНЕГ

Денеска ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен, а вдолж Повардарието силен ветер претежно од северозападен правец. Наместа ќе провејува слаб снег. До крајот на денот облачноста во најголем дел од земјава ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени.

Од утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето, но ќе се задржи студено, особено во утринските часови. Од петок следува период на променливо облачно и потопло време со нови врнежи од дожд, а на планините од снег.


Од општина Конче истакнуваат дека успешно се справуваат со овие снежни наноси, сите патишта се проодни и граѓаните слободно се движат кон и околните населени места.
Исто така се упатува предупредување за појава на голомразица на некои места на регионалниот пат Конче-Радовиш, внимателно возење – истакна Градоначалникот Илиев.
*фото Архива

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 




 



 

 

 

 

 

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации