Macedonia Collectors Show – настан кој ќе се одржи за прв пат во Македонија!

MacedoniaCollectorsShow е настан кој ќе се одржи за прв пат во Македонија и има за цел да ги собере на едно место најголемите колекционери на албуми, сликички, картички, биндери, автограми, сродна меморабилија, како и сите останати заинтересирани чинители (издавачи, дистрибутери и сл.).

Ги покануваме сите колекционери бесплатно да го посетат настанот и да учествуваат во размена или директна продажба и купување со другите колекционери.

Во рамки на настанот, сите посетители ќе може да уживаат во едукативно-информативна изложба на која ќе бидат презентирани ретки, уникатни и занимливи предмети од историјата на фудбалското колекционерство

 

Зошто да го посетите MACEDONIACOLLECTORSSHOW24?

Настанот е прв изложбен собир на колекционери од спортски и останати предмети во Македонија.

Влезот е слободен за сите посетители.

Доколку сте колекционер или посетител, искористете ја можноста за размена, продажба или купување на картички и сликички од другите колекционери.

Доколку сте дистрибутер или продавач, искористете ја оваа прилика да ги понудите сопствените производи и услуги.

Доколку овој настан е занимлив за истакнување на Вашиот бизнис, може да го поддржите настанот како спонзор и да се стекнете со промоција пред присутните.

Ќе се одржи панелна дискустија со соговорници кои ќе ги презентираат најновите вести и ажурирање од колекционерската индустрија.

Доколку поседувате уникатна и ретка колекција на која сте посебно горд и имате желба да ја споделите пред присутните, контактирајте не со време и можеби Вашите предмети да бидат изложбно претставени.

 

Разговори со присутните

Разменети искуства и мислења поврзани со трендовите од светот на колекционерството.

Размена на сликички и картички

Направете размена, купете го тоа што ви недостига или продадете дел од своите вредни картички и сликички.

Изложба

Одреден број на посетители (поради ограничен број на маси) ќе имаат можност да ги изложат своите ретки и уникатни колекционерски предмети и меморабилија.

Потпишување на картички

Очекуваме потврда за присуство на поранешни и актуелни и поранешни репрезентативци. Организаторот на настанот ќе изработи посебни картички кои ќе бидат лично потпишани. Искористете ја можноста за фотографија со моменталните и хероите од детството.

Наградна игра

Учествувај во наградбата игра и освои една од наградите.

Можност за LiveBreak

Организаторите на настанот се стремат кој првото јавно отварање на актуелна колекција со картички.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации