НЕМА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

Се наоѓаме во екот на третиот бран, бројот на заболени се зголемува, но засега нема потреба од заострување на мерките, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот за здравство Венко Филипче на вчерашната прес-конфренеција не објави полициски час за време на викендот, објаснувајќи дека ќе ја следат состојбата и ако ситуацијата се влоши тогаш наредната недела може да донесат одлука за порестриктивни мерки, вклучувајќи и целосно заклучување за викенд. Според него и првиот човек на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, овој бран треба да стивне.

На пресконференцијата вчера соопшти дека има активни случаи што е зголемување од 5.000 случаи во последниот месец.

Ве информирам дека оваа сегашна мерка треба да остане иста и нема да се надополнува. Следната недела ќе се види дали ќе треба нови мерки. За евентуално дополнителни рестрикции ако има потреба, ќе разговараме на состанокот во понеделник, рече Филипче.

 

*фото Архива

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 


 

 

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации