Oглас за вработување во Рудникот Бучим – Инженер информатичар

Рудникот Бучим распиша огласи  за вработување 

Информирајте се подетално за работните задачи и потребните квалификации, како и начинот на аплицирање:


РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

Оглас за Инженер информатичар

  • Администрација и одржување на ИТ инфраструктурата (сервери, мрежи, работни станици);
  • Инсталација, конфигурација и поддршка на Windows клиентски и серверски системи;
  • Управување со Active Directory, кориснички пристапи и политики;
  • Одржување и мониторинг на мрежна опрема (router, switch, firewall);
  • Поддршка на VPN конекции и меѓулокациска комуникација;
  • Поддршка на индустриски ИТ системи во соработка со техничките служби;
  • Имплементирање, тестирање на нова работна опрема, како и нови софтверски решенија;
  • Имплементација на мерки за информациска безбедност и заштита на податоци;
  • Backup и опоравување на податоци;
  • Водење ИТ документација, евиденции и процедури;
  • Корисничка поддршка и решавање ИТ инциденти;
  • Извршување на други задачи во доменот на стручната квалификација.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • ВСС (Високо образование од областа на информатика, компјутерски науки или сродна област);
  • Минимум 3 години релевантно работно искуство;
  • Познавање на Windows Server, Active Directory, DNS, DHCP;
  • Познавање на компјутерски мрежи (TCP/IP, routing, firewall);
  • Основно познавање на индустриски ИТ системи е предност;
  • Познавање на основи на информациска безбедност и заштита на лични податоци;
  • Добри организациски и комуникациски вештини;
  • Способност за самостојна и тимска работа.

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентни услови за работа со месечна плата која одговара на квалификациите и искуството;;
  • Обезбеден оброк и превоз до и од местото на работа;
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
  • Почетен договор на определено време, со можност за продолжување.

РАБОТНО ВРЕМЕ:

Работа во дневна смена со следниот распоред:

  • 08:00 – 16:00 часот 

 

Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на [email protected], заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Оглас за Инженер информатичар

Краен рок за поднесување на апликации: 11.02.2026 година

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани.

ДПТУ Бучим ДООЕЛ  го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.

 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

Погледнете повеќе

Повеќе информации