Општина Радовиш распиша Јавен повик за прибирање на предлог проекти од јавен интерес за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните од областа на локален економски развој, заштита на животната средина, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија, социјална кохезија, образование и култура од здруженија на граѓани и фондации од Општина Радовиш во согласност со стратешките и програмските документи на општината, финансирани од буџетот на Општина Радовиш за 2020 година.
Финансиските средства предвидени во буџетот на Општина Радовиш за 2020 година, во програмата G1 за вклучување на проекти од стратешки локален развој изнесувааат 1.100.000 денари. Истите ќе бидат распределени по доставен и одобрен предлог проект на здруженија на граѓани и фондации, на следниот начин:
600.000 денари за реализација на проектни активности поврзани со сите стратешки програми и документи;
500.000 денари за реализација на делови од донесените стратегии за развој на туризмот, за подршка на мали и средни претпријатија и вработување и Зелена Агенда во општина Радовиш.
Право на учество
Субјекти кои имаат право да конкурираат со свои предлог проекти се здруженија и фондации со седиште во Општина Радовиш.
Повеќе информации на официјалната страница на Општина Радовиш – www.radovis.gov.mk