Privacy Policy

Политика на приватност

Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите административни услуги преку истата. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.

Категории на податоци кои се обработуваат

  1. Податоци за навигација

При посетата на нашата интернет страна серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:

  • Вашата интернет протокол (IP) адреса;
  • Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
  • Вашиот оперативен систем;
  • Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
  • Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
  • URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната;
  • Јазикот на пребарувачот кој го користите;
  • Држава (се одредува преку IP адресата).

Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.

Самостојно ги одржуваме серверите и сите активности на веб страната ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата веб- страна.

Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност ќе се менува соодветно со промените на активностите