ШЕСНАЕСЕТ УМЕТНИЦИ НА „РАДОВИШКАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА 2018“

Шеснаесет ликовни уметници деновиве се дел од Третата меѓународна Радовишка ликовна колонија Св. Георгиј, која што беше отворена на 28 Мај 2018 година и ќе трае до 3 јуни 2018 година.

Меѓународна ликовна колонија денес беше посетена од страна на Градоначалникот Конзулов и претставници од општина Радовиш која е главен покровител на оваа Ликовна колонија.

Градоначалникот ги поздрави сите учесници на колонијата и нагласи дека општината Радовиш ѝ дава голема поддршка на оваа меѓународна ликовна колонија, којашто веќе стана нов мост на поврзувањето на културната традиција на општина Радовиш со светот.

Уметниците, во средбата со градоначалникот, го искажаа задоволството што се дел од оваа прекрасна ликовна колонија и му се заблагодарија за поддршката и топлото гостопримство на Радовиш, кој се потврдува како ументичка средина со високи дострели.

Дека колонијата е повеќе од успешна се покажа и со големиот број на уметнички дела – 50 на број коишто уметниците ги насликаа за само два – три дена.

Related Articles

Временска прогноза