Организрани наши сограѓани, љубители на спортот и ракометот пристигнаа во Виена пред денешниот прв натпревар на Македонската репрезентација.
Македонската ракометна репрезентација во Виена ќе ги игра натпреварите од ЕП 2020 што се одржува во Австрија, Норвешка и Шведска.
Во пресрет на првиот дуел со Украина кој се игра вечерва, нашите ракометари од трибините ќе ја имаат подршката и од нашите радовишани, кои организирано пристигнаа во Виена и ќе бидат присутни на сите натпревари на нашата репрезентација.
Да и посакаме успех на Македонија, и пласман во следната фаза од оваа европско првенство.
Македонската репрезентација во Виена игра во групата Б со домаќинот Австрија, Украина и Чешка, нашите ракометари ќе ги чекаат следните противници доколку успееме во првата фаза да поминеме од групата А каде се Хрватска, Србија, Црна Гора и Белорусија кои играт во Грац.
10.01.2020 – Македонија – Украина 20:30 час.
12.01.2020 – Чешка – Македонија 16:00 час.
14.01.2020 – Австрија – Македонија 18:15 час.
Европското првенство во ракомет започна вечерва каде што се одиграа и првите два натпревара на кои победи забележаа Белорусија и Германија.
Во А-групата, Белорусите ја совлада Србија со 35:30, Германија не дозволи изненадување на отворањето во Ц-групата и ја совлада Холандија со убедливи 34:23.
Овие две групи ќе се комплетираа со првото коло вечерва по одигрување на натпреварите Хрватска – Црна Гора (А-група) и Шпанија – Летонија (Ц-група).