Традиционално и оваа година во Општина Радовиш, на 19.01.2026 год. – Понеделник, ќе биде одбележан верскиот празник Богојавление (Водици).
Во организација на Македонската православна црква – Брегалничка епархија, во соработка со ЕЛС општина Радовиш предвидена е следната Програма:
19.01.2026 – БОГОЈАВЛЕНИЕ – (Водици)
07:00 час. Света Богослужба во Храмот „Св.Илија“ во Радовиш
09:45 час. Лицитација на светиот крст
10:15 час. Тргнување на литијата (поворката) од Храмот „Св.Илија“. Поворката ќе се движи до Храмот „Св.Троица“, па заедно со верниците од „Св.Троица“, ќе се движат до базенот.
10:45 Пристигнување кај базенот, осветување на водата и фрлање на Господовиот Свет крст во водата на базенот.
07:30 час. Света Богослужба во Храмот „Св.Троица“во Радовиш
10:15 час. Лицитација на светиот крст
10:30 час. Приклучување на литијата (поворката) на верниците кои доаѓаат од Храмот „Св.Илија“.
20.01.2026 – СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ
07:30 час. Света Богослужба во Храмот „Св.Троица“ и Храмот „Св.Илија“

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови




