Дружба, забава и секако совладување на основните техники на скијање, дечиња од Радовиш заедно со профсорите Дарко Коцев и Наде Најдоска Ристова се на органзирана Ски-школа во Банско, Бугарија.
Како што не информираат менторите радовишките дечиња првите денови ги совладуваат техниките на скијање, во следните денови ќе започнат со понапредни чекори во скијањето и спуштање по прекрасната ски-патека.
Им посакуваме пријатен престој во Банско, надевајки се дека од нив ќе излезе некој квалитетен скијач кој ќе го претставува нашиот град и држава на некое натпреварување.