ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ПРЕД ОРАОВИЦА

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 14:10 часот на регионалниот пат Радовиш-Подареш во близина на с.Ораовица.

-Во несреќата учествуваат патничко моторно возило „Голф 3“ со радовишки регистерски таблици и патничко моторно возило „Митсибуши“ со бугарски национални ознаки – информираат од МВР.

Едно лице се здобило со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Радовиш и се работи на целосно расчистување на случајот.

Сообраќајот на патниот правец Р1310 Радовиш – село Ораовица беше во прекин поради сообраќајна несреќа.





 

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации