Radovis News: Која беше причината да се одлучите да работитите според Tinker Labs методот?
Здравкоска: Причини поради кои јас и мојот тим се одлучивме да работиме според Tinkre Labs методот се повеќе, ако ги набројувам според приоритетноста потребата од квалитетна иновативна и современа едукација, би ја ставила на прво место.
Моето 15 годишно искуство како наставник вклучен во образовниот процес, мојата работа во слободното време на низа проекти во кои главниот фокус се децата и нивната формална и неформална едукација ми овозможуваат секојдневно одблиску да ја согледам потребата за нови и иновативни методи за учење и подучување.
Желбата да се вложува во едукацијата на децата е вториот момент кој ме поттикна Tinker Labs методот да им го приближиме и направиме достапен на нашите деца,
И за крај неминовниот факт од промени во класичниот и застарен модел на образование кој го имаме кај нас.
Ако сакаме нашите деца да постигнуваат резултати како и остантите во регионот тогаш сме должни тоа да им го овозможиме, да се потрудиме современите едукациски модели да станат дел од нивното секојдневие.
Radovis News: Зошто Tinker Labs?
Затоа што Tinker Labs едукацијата е иновативен образовен систем кој ги опфаќа сите области од СТЕАМ едукацијата (наука, технологија, инжинерство, математика и уметност) интегрирајќи ги заедно преку интердисциплинарен пристап на учење. Интердисциплинарниот пристап на СТЕАМ концептот комбиниран со уникатниот Tinker Labs метод и пристап на учење, кој користи иновативни и напредни методи и техники на едуцирање на децата, создаваат извонредна синтеза на совршен едукативен модел кој гарантира интелктуален и социо – емоционален развој кај децата, покрај стекнувањето на квалитетно и функционално академско знаење.
Магијата на Tinker Labs едукацијата се состои во посебниот метод на учење, каде што децата учат во училници, кои изгледаат како мали иновативни лаборатории и сето знаење го стекнуваат преку работа на реални проекти, експерименти, истражувања, наоѓање на иновативни решенија и изработка на модели и прототипови.
Секое дете кое барем еднаш се запознало со Тinker Labs методот останува воодушевено и со нетрпение го очекува наредниот Tinker час.
Токму возбудата и интересот на децата е тоа што не’ тера да мислиме дека Tinker Labs методот е вистинскиот избор за едукација на секое дете.
Radovis News: Како е организирана работата со децата преку овој едукативен метод?
Здравкоска: Начинот на работа според Tinker Labs методот е работа во мали групи, не повеќе од десетина деца.
Во групите се реализира програма согласно возраста на децата .
Tinker Labs располага со три програми.
Tinker Tots програма за мали научници од 4 – 6 години.
Модерeн и иновативeн образовен концепт кој му овозможува на детето да нурне во магичниот свет на науката и технологијата, притоа стекнувајќи функционално знаење и развој на интелектуални вештини.
Tinker Town е програма за училишни деца на возраст од 7 – 10 години. Идејата на оваа програма е да ги поставиме темелите за разбирање на главните концепти и теми од СТЕАМ едукацијата (наука + технологија + математика + инженерство + уметност).
Во оваа програма особено сме фокусирани на развој на интелектуалните вештини на децата, да развијат љубов кон учењето, да научат како да учат, како да истражуваат, размислуваат, анализираат, планираат и донесуваат правилни одлуки. За таа цел, за да ги водиме децата искуствено низ темите и концептите кои треба да ги усвојат, создадовме цел алтернативен свет, низ кој ученикот патува преку експериментирање и истражување.
Tinker World програмата е наменета за поголеми деца на училишна возраст (10 -12год.) во која тие преку иновативната Tinker Labs методологија се запознаваат со предметите и темите од СТЕАМ спектарот, притоа добивајќи историско-географски контекст за научниците кои се одговорни за некои од најважните СТЕАМ достигнувања. Целта на оваа програма е откако учениците ќе стекнат функционално знаење и ги разберат СТЕАМ концептите, подготвени да навлезат подлабоко во концептите што ги научиле досега и да научат за ликовите и културите што биле влијателни во светската историја и науката.
Посебно не’ радува фактот што во мигот во нашиот Тinker образовен центар се работат двете програми и истите наидуваат на голем интерес кај децата.
Radovis News: Кои се вашите очекувања од работата со Tinker Labs методот ?
Здравкоска: Моите очекувања кои секојдневно се потврдуваат после секој реализиран час се:
-многу задоволни деца,
-размена на многу позитивна енергија на секој реализиран час и секако
– трајни стекнати знаења и вештини кај децата.
Едукацијата е доживотен процес на учење, а кога во процесот на учење ќе се спојат науката и уметноста се добива магија.
Магија која ги поттикнува децата со задоволство да доаѓаат на часовите кои се реализираат под мотото:
Од игра со страст до цел!
Да, тоа е Tinker Labs методот, едноставно уникатен, иновативен и современ едукациски модел.
Не го криеме задоволството што нашиот Центар е еден од трите кои во моментот функционираат кај нас покрај другите два во Скопје и Струмица , се надевам дека набрзо ќе се отворат и во другите градови во Македонија, затоа што и нашите деца како и останатите од регионот го заслужуваат најдоброто од светот на едукацијата Tinker Labs методот е несомнено тоа.