Аронијата потекнува од источните делови на Северна Америка. Тамошните Индијанци ги сушеле плодовите на аронијата и ги употребувале зиме и лете. Освен зрелите плодови, аронијата ја сушеле и ја ставале во зимските погачи.
Како да го консумирате ова овошје?
На нашиот пазар може да се најде сушена аронија и чај од аронија. Можете да ја јадете во неограничено количество во комбинација со јогурт, како додаток во десертите и во овошните салати. Сокот од аронија е многу здрав и освежителен. Обидете се да ја најдете свежа за да приготвите компот.
Црните топчиња полни со лековит нектар, налик на боровница, со благо-киселкаст вкус сличен на дренка и невообичаена арома која потсетува на онаа на рибизлите, се вистинска витаминска бомба. Ја јакнат потенцијата, го лекуваат срцето, го регулираат крвниот притисок, ги закрепнуваат крвните садови, го топат холестеролот, ја спречуваат појавата на атеросклероза.
Плодовите на црната аронија се вистинска витаминска бомба. Аронијата ја подобрува циркулацијата на крвта во крвните жили во главата и помага кај главоболки и мигрени. Ја подобрува работата на штитната жлезда, го подобрува и регулира излачувањето на нејзините хормони и помага кај болестите на штитната жлезда и кај гушавоста. Ја чисти крвта, ја подобрува нејзината циркулација, го намалува високиот крвен притисок, ја намалува количината на шеќер во крвта и помага кај атеросклерозата, кај воспалението на вените и кај проширените вени. Ги смирува грчевите и болките во желудникот, го смирува воспалението на слузницата на цревата. Ја подобрува работата на црниот дроб и му помага да ги неутрализира штетните материи, помага кај болен и оштетен црн дроб и кај воспаление на жолчката.
Ги елиминира штетните материи
Иако потсетува на дренките и на рибизлите кои се исто така лековити, сепак, аронијата си е аронија и не може да се споредува со ништо друго. Една рака свежи плодови ја јакнат потенцијата, затоа што содржат многу витамин Е. Ако се изедат три до четири зрнца пред секое јадење, го лекуваат срцето и го регулираат крвниот притисок. Сокот од плодот ги закрепнува и крвните садови, го топи холестеролот и спречува појава на атеросклероза.
Истражувањата на руските научници покажале дека ова овошје го поттикнува излачувањето на тешките метали, како и на некои радиоактивни елементи од телото. Познато е дека по нуклеарната катастрофа во Чернобил плодовите на аронијата се користеле за ублажување на здравствените тегоби на кои биле озрачени.
Начин на употреба
Сокот, односно, чајот од аронија е многу лековит и окрепувачки напиток како за постарите, така и за помладите луѓе. Нема придружни ефекти и во секој случај поволно делува врз имунолошкиот систем, отпорноста на организмот и ја подобрува крвната слика.
Освен сок и чај, од овие драгоцени плодови може да се подготви и вкусен мармалад, компоти, овошни каши, желеа, сирупи и разни овошни десерти, а кога се меша со друго овошје, дава богата арома. Може да се јаде и свежа, а може и да се замрзне за подоцнежна употреба.
Зрелите плодови од аронија содржат голема количина на биофенол, танин, флавоноиди и антоцијан. Од антоцијанот потекнува темната боја на зрелите плодови, но некои антоцијани дури содржат и материи кои, како и флавоноидите, ги штитат клетките на телото од оштетувања и од канцерогени дегенерации. Зрелите плодови на аронија содржат и различни биофеноли кои дезинфицираат и го поттикнуваат зацелувањето на раните. Зрелите плодови содржат и голема количина на каротен и ги штитат клетките од оштетување, очите од настанување на сива мрена, а кожата од опасни изгореници од сонце. Материите содржани во плодовите од аронија ги отстрануваат тешките метали од телото и затоа се препорачуваат за болните од рак и за оние кои биле подложени на тешка операција или пак преболеле некоја болест.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови