БАДЕМИ – една од најздравите намирници

Покрај тоа што е богат со витамин Е и магнезиум, бадемот содржи фитоматерии кои пружаат добра заштита од болести на срце, но и други хронични заболувања.

Бадемот спаѓа во ковчесто овошје, а во блиско сродство е со вишната, сливата, праската и кајсијата. Стеблото на бадем може да достигне висина и до 10 м.

Само една шака бадеми дневнo би можела да го подобри вашето здравје и да ви обезбеди пат до фит линија. Погледнете како…

Оваа вкусна и здрава намирница може да ви обезбеди рамен стомак и витки нозе, а исто така и да ве заштити од шеќерна болест.

Бадемите се богати со витамини, минерали, влакна и аминокиселини, па секако дека е потребно да ги вклучите во секојдневната исхрана.

Истражувачите од Универзитетот во Пенсилванија открија дека консумирањето на 42 гр. бадеми дневно може да го намали ризикот од прерана смрт, како и да ги стопи масните наслаги на половината и нозете.

 

Научно е утврдено дека бадемите го намалуваат нивото на холестерол и го намалуваат ризикот од појава на срцеви болести.

Во 100 гр. бадеми се содржани овие витамини и минерали:

– 140 проценти од препорачаната дневна количина на манган

– 75 проценти од препорачаната дневна количина на магнезиум

– 60 проценти од препорачаната дневна количина на бакар

– 50 проценти од препорачаната дневна количина на фосфор

– 130 проценти од препорачаната дневна количина на витамин Е

– 51 процент од препорачаната дневна количина на витаминот Б2

 

Постојат два вида на бадеми:сладок и горчлив. Плодовите на слаткиот бадем се јадат сурови, пржени, се додаваат на разни јадења или од нив се добива бадемов путер, масло или бадемово млеко. Бадемовото масло се користи и како додаток на јадењата, но и за изработка на сапуни, маски, помади и пилинг за сува кожа, како и во медицината за третман на разни видови на дерматитис. Горчливиот бадем е отровен и не се јаде, но се преработува за добивање есенцијално бадемово масло. Целото растение содржи гликозид во семките, кората и листовите. Толку е отровен што 50-70 горчливи бадеми предизвикуваат смрт кај возрасно лице, а 3 горчливи бадеми доволни се да предизвикаат силно труење.

Екстрактот од бадем што се додава при подготвување на слатки исто така произведен е од горчливиот бадем. Горчината на екстрактот потекнува од прусичната киселина која се уништува со топлина и екстракција на масло.

Бадемот во исхраната

Бадемот содржи многу хранливи состојки, висок процент на витамин Е и магнезиум, умерена количина на протеин, влакна, витамин Б2, фосфор и бакар. Исто така содржи фито материи кои се заштита од срцев удар и други хронични болести. Содржи повеќе калциум и влакна од другото ковчесто овошје. 30 гр. бадем содржи иста количина на калциум како и ¼ шолја млеко па поради тие својства, како и поради содржината на фолна киселина, се препорачува на трудниците.

Бадемот е мала ”енергетска бомба”. Една порција бадем е многу калорична поради присуството на мононезаситените масни киселини, протеини и влакна. Секогаш кога ви е потребна ужина, одберете грст бадеми.

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

About the author /


Related Articles

Временска прогноза