Брусница -вкусен и освежувачки антибиотик

Брусницата е зрнесто овошје со црвена боја. Има специфичен киселкав вкус кој се добива благодарение на витаминот Ц, кој ова овошје го содржи во многу високи количини.

Најчесто на нашето поднебје брусницата се консумира во вид на сок, а поретко се јаде како свежо, суво или замрзнато овошје.

Специфичниот киселкав вкус за многумина е пречка за консумирање на ова овошје, но богатиот состав не само со витамин Ц, туку и со витамин А, минерали, целулоза и други многубројни корисни и хранливи состојки нека биде доволна причина за почеста консумација на брусница.

Зошто брусницата е толку многу здрава?

Второто име на брусницата е природен антибиотик кое произлегува од нејзиниот богат и хранлив состав.

  • Брусницата успешно се спротивставува на бактериите кои често знаат да се појават на уринарниот тракт, како и кај бешиката и бубрезите. Успешно лечи секаков вид на уринарни инфекции кои се честа појава кај жените, особено постарите, трудниците, жените во менопауза како и жените кои страдаат од дијабетес.
    Ако веќе постојат бактерии на овие делови од телото, тогаш сокот од брусница ќе потпомогне истите да не можат да се залепат за ѕидовите на уринарниот тракт, со што преку мокрачата полесно ќе се исфрлат од телото.
  • Едни од најштетните бактерии ешерихија коли и хелиобактери успешно се третираат и лекуваат со повеќе месечно консумирање на сок од брусница.
  • Брусницата го намалува бројот на штетни бактерии во усната шуплина и е една од главните природни состојки кои го подобруваат видот.
  • Брусницата има способност за многу кратко време да ги ревитализира и обнови ќелиите кои поради одредени причини биле заболени, а неодамнешни истражувања докажаа и дека брусницата е одличен антиоксиданс кој го намалува брзото растење и понатамошното ширење на клетките заболени од рак.
  • Поради нискиот процент на шеќер, брусницата ја намалува гликозата во крвта со што особено е препорачано да ја консумираат луѓето кои имаат дијабетес.

Како да подготвите природен сок од брусница?

Три килограми свежи плодови брусница ставете ги во еден литар вода и варете ги додека не им испука лушпата. Потоа пасирајте ги и низ чиста газа процедете ја течноста. Сокот вратете го повторно на оган, додајте 250 гр. шеќер и варете го уште пет минути. Пената која ќе се појавува цело време во садот додека сокот се вари отстранувајте ја со лажица.
Добиениот врел сок ставете го во загреани и претходно убаво измиени шишиња, оставете го да се олади и пијте го сѐ почесто.

Докажано е ако дневно се пијат по три чаши сок од брусница дека ќе се зголеми нивото на антиоксиданси и нивото на добриот холестерол (HLD) со што би се намалил ризикот од појава на болести на срцето и крвните садови за дури 40%.

 

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза