Нешта кои најверојатно не ги знаете за вкусниот Грашок

Грашокот е семе од растението Pisum sativum. Имено, грашакот спаѓа во фамилијата на мешункасти плодови како гравот и леќата и изобилува со протеини.

Младиот грашак претставува нискокалорична намирница збогатена со бета-каротин и витамини од кои А, Ц, Б1 и Б2.

Просечниот хемиски состав на грашокот е: 79% вода , 5,4% протеини, 0,4% масти, 14,5% јаглени хидрати. Грашокот е неопходна состојка за подготвување на вкусни јадења а најпопуларен е во летниот период со супа, месо, салати или манџи.

 

Некогаш грашокот важел за храна на сиромашните, но денес таа е присутна во многу елитни ресторани.

Според тврдењата на професорот Хадемар Банкхофер од Виеан, грашокот содржи многу белковини и ја потикнува изградбата на мускулната маса. Само 100 грама грашок го снабдува организмот со десет пати повеќе белковини, отколку на пример виршла со помфрит и парче торта со шлаг.

Грашокот меѓу другото заситува затоа што е богат со белковински материи и полека поминува низ дигестивниот тракт. Високиот процент на белковини има уште една предност, ја снижува зголемената вредност на холестеролот. Освен тоа, грашокот има и големо количество на магнезиум. Само малку издинстван, грашокот станува вистинско анти-стрес јадење.

Исто така е идеал оброк за деца, затоа што после училиште дава нова енергија. Освен што ја потикнува изградбата на мускулите, грашокот ги зајакнува нервите, косата и сврзното ткиво, а ја подобрува концентрацијата и видот.

 

Општи својства

Грашокот е едногодишен дикотиледон вид, кај кој за исхрана се користи мешунката, технолошки и ботанички зеленото семе. Грашокот (заедно со боранијата) преставува основна суровина за конзервната индустрија. За исхрана, грашокот е значаен поради високата содржина на протеини, шеќер и скроб, витамините А (до 200 mg%), Б1 (0,34mg%), Ц (33mg%) и високата енергетска вредност (во однос на другиот зеленчук), затоа што во 100mg има 68 cal (285 џули). Со зрелоста, во зрното се намалува содржината на шеќер, се зголемува содржина на белковини (до 23%) и скроб, зрното станува потврдо, со поголема тендерометриска вредност, па станува неповолно за сите облици на преработка. Младото зрно на грашок е значајно поради содржината на Mg, Ca, S и P.

 

 


Грашок чорба

Начинот за подготовка на оваа вкусна чорба е многу едноставен,

1. Кромидот и морковот ситно исечкани ги запржуваме на загреано масло додека да омекнат.

2. Во запршката се додаваат грашокот и ренданите домати (ако немате свежи домати можете да ставите и доматен сок-салата која веќе ја имам во рецептите, па можете да ја побарате).

3. Оваа смеса се остава околу 10тина минути на оган и во неа се додаваат зачините.

4. На крај се додаваат 2 литри вода и компири исечени на коцки и се остава да се вари околу 1 час.

 

Состојки

1 морков

1 поголема главица кромид 400 грама грашок

2 домати

3-4 компири

1 лаж. црвен пипер по вкус сол, мешан сушен зачин, црн бибер по желба лута црвена пиперка (сушена, толчена) малку зејтин

2 л. вода


 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 

 


 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза