КИВИ -едно од највкусните и најздравите овошја

Киви (Actinidia deliciosa) потекнува од Jужна Кина каде е прогласенo за “национално овошје”, а како егзотично растение во Европа е донесено од Нов Зеланд, во почетокот на 20 век, каде што се засадени првите плантажи. Своето име го добило по птицата тркачка која живее во Нов Зеланд. Во зависност од местото каде што расте може да постигне височина до 9 m, а се карактеризира со меснати, сочни плодови, со интензивен вкус и кремаста структура, со мали црни семки. Денес, најголем производител на киви е Италија, а во исто толкава мера се одледува и во Нов Зеланд, Чиле, Франција, Грција, Јапонија САД, Шпанија и Израел.

Ова егзотично овошје, познато во целиот свет, се повеќе се употребува и кај нас. Некои нутриционисти го нарекуваат и „суперхрана“ бидејќи поседува идеална рамнотежа помеѓу минималниот број на калории и максималното лековито дејство што го има ова овошје врз човековиот организам. Егзотичниот мирис и вкус кријат една мала ризница на разновидни витамини, минерали и фитонутриенси кои го одржуваат и подобруваат здравјето.

Содржи дури три пати повеќе витамини Ц, во споредба со лимонот, па делува поволно на кардиоваскуларниот систем, спречува срцев и мозочен удар, го зајакнува имунитетот, зголемува апсорпција на железо (поволно при анемија) и ги заштитува непцата од крварење. Освен витамин Ц, содржи и други антиоксиданси како витамин А, Е и флавоноиди кои го заштитуваат организмот од штетните слободни радикали (против меланом, рак на црн дроб). Ова овошје изобилува со растворливи растителни влакна кои го потпомагаат варењето на храната, ја заштитуваат слузокожата на цревата, овозможуваат намалување на покачениот холестерол и шеќери во крвта и спречуваат рак на дебело црево намалувајќи ја неговата изложеност на токсични материи. Заради присутните витамини и минерали (калиум, магнезиум, натриум) спречува појава на болести на очите предизвикани со стареење.

Како нискокалорично овошје е совршено за секоја диета бидејќи го забрзува метаболизмот и овозможува намалување на телесната тежина. Консумирањето на киви е од особено значење во исхраната на бремените жени бидеќи е богато со витамините од Б групата и фолна киселина кои овозможуваат здрав и правилен развој на фетусот. Исто така идеално е за оние кои имаат висок крвен притисок, астма но и за оние кои имаат проблеми со камчиња или песок во бубрези, мочен меур или жолчка.
Истражувањата покажуваат дека е доволно само еден плод од ова овошје наутро како би спречило згрутчување на крвта, бидејќи делува како таблетка аспирин и заштитува од атеросклероза. Покрај тоа, претставува вистински лек против замор и лошо расположение, кои се честа појава во зимските месеци (присутниот инозитол). Кивите можат да се јадат сирови, но и да се користат за подготовка на овошни салати и торти. Меѓутоа, за крај, сепак треба да нагласиме дека ова тропско овошје има и лоша страна, бидејќи претерана конзумација може да предизвика алергија.

 

 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 


 

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза