КОСТЕНИ – природен извор на енергија и здравје

Питомите костени претставуваат природни извори на енергија и здравје, така што неопходни ни се во текот на овие ладни денови, но и дивиот костен, иако не е за јадење, е навистина лековит плод.

Постојат два вида на костени – питоми костени (Castanea sativa) и диви костени (Aesculus hippocastanum). Питомите костени смеат да се конзумираат, додека дивите се користат само во медицински цели.

Питомите костени ја прочистуваат крвта и го зајакнуваат имунитетот, тешко се варат, но затоа даваат многу енергија, бидејќи содржат многу јаглехидрати, белковини, шеќери, масти и целулоза. Старите народи ги користеле за зајакнување на организмот, додека во средниот век плодовите на костенот се употребувале како важна намирница во исхраната на сиромашните слоеви од општеството. Познато е дека римскиот цар Цезар наредил да се запалат шумите со костени на подрачјата кои ги освојувал, само за да им го уништи изворот на храна на домашното население.

Костените се хранлива намирница, содржат вредни минерали и витамини како што се магнезиум, калциум, калиум, фосфор, железо и речиси сите групи од витаминот Б. Плодовите се користат во исхраната на разни начини – варени, печени, како пира, сушени за брашно, во многу слатки и солени јадења, како и мед од костени.

Листовите на костенот исто така се користат како чај. Содржат дури 95% танин, разни есенцијални смоли и витамин К, кој е прилично важен при запирање на крварењето, бидејќи ги стеснува крвните садови. СО мајчина душичка во комбинација лечи проблеми на системотза дишење, го прочистува организмот, помага при болки во грбот, кај дијареа и така натаму. Медот од костени е исто така хранлив и лековит. Лечи гастритис и проблеми со варењето, го заштитува црниот дроб, допринесува до подобра циркулација и слично.

Што се однесува до дивиот костен, неговите плодови не се препорачливи за конзумирање, но се користат во народната медицина како и сите делови од дрвото кои се лековити, со што најчесто се користат во лечењето на проблемите со вените и реумата. Дивиот костен во себе содржи есцин (сапонин), кој е заслужен за зајакнувањето на ѕидовите на капиларите и вените, со што делува диуретично и антивоспално, ги намалува проблемите со лимфата и помага кај кожните заболувања.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови



 




 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза