Чудотворниот Лук

Лукот,сигурно спаѓа во најздравите видови храна, и популарни народни лекови. За него се напишани книги, а нема куќа која нема барем една главица лук. Дознаете малку повеќе за оваа чудесна билка и ќе ви откриеме феноменален рецепт.

Покрај тоа што со векови се верува дека лукот ја штити  куќата од зли сили и  дека тој бил моќно оружје во борбата против вампири, лековитите својства на лук се неоспорни. Може да се користи свеж, варен, или во прав. На возрасните дури им се препорачува за општата здравствена состојба да јадат по едно чешне лук два до три пати на ден, додека на децата се препорачува четвртина чешне еднаш до двапати на ден. Покрај тоа што со него  вашите јадења ќе добијат совршен вкус она поради кое  најмногу го сакаме се  неговите лековити својства. Еве некои за кои сигурно не сте слушнале.

1. Докажано е дека лукот потпомага бебето во утробата да добие поголема тежина и затоа доколку сте бремени навалете на лукот, освен ако претходно сте раѓале крупно бебе.

2. Лук зголемува имунолошкиот систем и е силен борец против инфекции на градите, го олеснува дишењето и кашлањето. Во зима лукот е одличен за спречување на грип и настинки, а еден стар народна лек вели дека на првиот знак на настинка натопете чешне лук во мед и изедете го. Бабите и за ова биле  во право.

3. Ова растение содржи големи количини на јод, што го прави многу ефикасен лек во борбата против хормонални нарушувања. Докажано е дека лекувањето со лук е многу ефикасно.

4. Наместо да трошите пари на виагра и други лекови за импотенција кои многу лошо може да влијаат на вашето здравје, обидете се  вашата состојба да ја излечите со лук, кој важи за многу моќен афродизијак.

5. Kaрдиоваскуларните болести може да се спречат или да се намалат со јадење на лук. Лошиот холестерол не го сака лукот, а се верува дека дури и таложењето на наслаги во вените, исто така, може да се намали со помош на ова чудотворно растение.

Лукот без проблем ги лекува и габичните и вагиналните инфекции. Всушност, лукот испушта алицин состојка која е важна и влијае како природен антибиотик.

Се верува дека војниците во Првата светска војна го гмечеле лукот и со него ги лечеле инфицираните рани.

Лукот  е одличен извор на витаминот Б6, кој е неопходен за одржување на имунолошкиот систем и доброто расположение. Тој е одлична превентива за многу канцерогени заболувања, а познато е дека го регулира крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта.


 

5 начини на кои можете да ја отстраните непријатната миризба од лук или кромид во вашата уста

1. Вотка

Алкохолот е познат како ефикасно средство за убивање на бактериите кои го создаваат лошиот здив, а исто така и благотворно делува врз смирување на желудникот и киселините во него. Доколку забележите дека вашиот непријатен здив настанува веднаш по оброкот, употребете вотка. Добро жабуркајте  ја во вашата уста, а потоа плукнете или ако ви се допаѓа вкусот, голтнете. Ова можете да го постигнете и со другите алкохолни пијалаци, но само вотката нема да остави непријатна миризба на алкохол зад себе.

2. Сенф

Овој одличен додаток за оброците се покажал и како многу делотворно средство за отстранување на лошиот здив од устата. Тој има силен вкус и токму неговата лутина одлично ги загаснува силните миризби на лукот и кромидот. Постапката е многу едноставна: Откако ќе завршите со оброкот, намачкајте ја вашата уста со една лажица сенф и оставете ја неколку минути. Исплакнете и потоа повторете. Ако ви се допаѓа вкусот на сенф, можете и да го голтнете.

3. Зелен чај

Зелениот чај има многу голем број придобивки. И покрај тоа што одлично го чисти вашето тело од токсини, чајот исто така брзо и ефикасно го отстранува лошиот здив од вашата уста. Состојките во чајот ја неутрализираат непријатната миризба, делуваат благотворно врз вашите заби и непца, како и им помагаат на оние кои имаат проблеми со желудникот. По оброкот доволно е да испиете само една шолја топол или ладен чај. За најголем ефект, исцедете и малку лимон во него.

4. Овошје

Овошјето е уште еден корисен сојузник во борбата со непријатниот здив. Морковите, портокалите и лимоните имаат најголем ефект, па доколку јадете оброк кој изобилува со лук или кромид, најдобро би било доколку за десерт јадете свежо овошје со цел да го отстраните непријатниот мирис во вашата уста.

5. Магдонос

Магдоносот е познат по своите вредни состојки кои одлично делуваат врз здравјето, но и врз елиминирање на непријатниот здив. Сè што треба да направите е да потопите свеж магдонос во оцет и да го посолите. Џвакајте ги листовите околу 1, 2 минути и голтнете. Вие исто така можете да направите и чај од магдонос така што во 470 милилитри вода ќе додадете неколку исечкани листови и 2 зрна каранфил. Подгответе го чајот на оган со средна јачина и откако ќе почне да врие, оставете го да отстои на ринглата уште 5 минути. Потоа исцедете, оставете да се олади и испијте го.

 

 

Related Articles

Временска прогноза