Спанаќ (Spinacea oleracea) е едногодишно растение и спаѓа во групата на зелен листест зеленчук.
По потекло од Иран, во средниот век го продавале свеж или варен, исечкан на помали парчиња или во облик на топчиња кои се нарекувале espinoche. Арапите го донеле во 15от век во Шпанија, од каде се проширил низ Северна и Средна Европа, а во 17от век станал доста популарен и се подготвувл со додаток на шеќер. За време на Втората Светска Војна пак, на француските војници, омалксани од крварења, им давале вино помешано со сок од спанаќ.
Листовите на спанаќот содржат големо количество на хлорофил, а од витамините, најмногу содржи витамин Ц, потоа витамин А и скоро сите видови на витаминот Б; Б1, Б2, ниацин и Б6. Истражувањата во последните децении откриле дека спанаќот содржи фолна киселина, која има значајна улога во структурата на црвените крвни садови, што го прави погоден прехранбен производ за проблемите со слабокрвност. Дефицитот на фолната киселина во текот на бременоста може да има последици за детето; можно е да дојде до прерано породување или намалување на тежината на бебето. Од физиолошко значење е и сировата целулоза, која е битна во процесот на преработка на храна, ја подобрува работата на цревата и исфрлањето на отпадните материи од организмот (поволен при запек). Главниот недостаток на спанаќот е што содржи поголем процент оксалната киселина, во облик на разни соли (оксалати). Освен оксалната киселина, спанаќот содржи и пурински бази кои се метаболизираат во организмот до мочна киселина. Токму заради овие состојки, не се препорачува на луѓе кои страдаат од камчиња во бубрег, гихт, артритис, реума или каменци во жолчката.
Кога готвите спанаќ, се отфрла водата во која се варел бидејќи е заситена со нитрати.
Се препорачува да подготвите онолку колку што може да се изеде во текот на денот, затоа што еднаш термички обработениот зеленчук не смее повторно да се загрева (повторно затоа што се создаваат нитрати кои под дејство на бактериите во дебелото црево се претвораат во нитрозамини, кои пак делуваат канцерогено). Остатокот треба да се изеде незагреан или да се фрли (исто така да не се замрзнува).
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови