ЦВЕКЛО -моќен чувар на вашето здравје

Овој зеленчук кој има коренест плод е природно најблаг од било кој друг зеленчук. 

Зошто е здраво цвеклото?

На цвеклото гледајте како да е црвен спанаќ, исто како супер храната на Попај. Овок зеленчук се смета за едно од најдобрите извори на фолна киселина и бетаин. Овие два нутриенти дејствуваат заедно и се мошне успешни во намалување на хомоцистеинот во крвта, кој може да предизвика оштетувања на артериите, а со тоа се зголемува и ризикот од срцевите заболувања. Исто така, голем плус на цвеклото е и тоа што содржи природни пигменти кои се познати како бетацијанини, кои на овој зеленчук му ја даваат препознатливата црвена боја и врз основа на лабараториски испитувања е докажана успешноста во борбата против канцерот.

Како се консумира?

Свежо и сурово, а не од тегла. Изложување на цвеклото на висока температура ја намалува моќта на антиоксидансите од неговиот состав. За порција едноставна салата, измијте и излупете едно цвекло, а потоа изрендајте го на најширокиот дел од рендето. Прелијте со една лажичка маслиново масло и сок од една половина лимон.

Кога веќе ја подготвивте салатата, можете комотно да ги изедете и листовите и стеблото од цвеклото, кои исто така изобилуваат со витамини, минерали и антиоксиданси. Едноставно стеблата исечете ги во делот каде што почнуваат листовите и добро измијте ги. Во таков случај се подготвени да се употребат во сите салати.

Цвеклото потекнува од средоземјето. Ова двегодишно растение со темноцрвен вретенест корен и темнозелени листови, спаѓа во редот на најкорисни и најлековити градинарски култури. Се користи целото растение, може да се употребува во текот на целата година. Богато е со витамини и минерали. Лесно сварливо е и може да се јаде без ограничувања.

Покрај изобилството со хранливи материи (јаглехидрати, белковини и масти), цвеклото ги содржи речиси сите минерални состојќи: калциум, калиум, натриум, фосфор, магнезиум, железо, флуор, манган, бакар, јод, сулфур, литиум, стронциум, бром

Поседува значајни количини на витамини Б1, Б2, Ц, како и витамини Б12 кој е редок во растителната храна, па цвеклото е особено важно во исхраната на вегетаријанците. Присуството на антоцијани влијае при обновувањето на крвта и има антиканцерогено дејство. Цвеклото има исклучително поволни ефекти во случаи на деминерализација на коските и забите. Присутниот јод помага во борбата против артериосклероза и го забавува процесот на стареење.

Сепак, како најлековити состојки на цвеклото се сметаат бетанинот и бетаинот бидејќи ја поттикнуваат размената на материи, го регулираат крвниот притисок, го намалуваат лошиот холестерол, го одржуваат здравјето на крвните садови и ја стимулираат работата на црниот дроб.

Додека листовите од цвеклото се сметаат за ‘витаминско-минералнa” бомба.

Листовите содржат магнезиум, калиум, манган, калиум, витамин Ц и секако содржат железо многукратно повеќе од спанаќот.

 

2005.- Во Саудиска Арабија одржани бил локални избори, први во историјата на оваа исламска апсолутистичка монархија, а право на глас имале само мажите постари од 20 години.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза