МАНДАРИНА-совршено овошје

Мандарината (Citrus tangerine) е билка која припаѓа на фамилијата Rutaceae, од родот агруми. Претставува зимзелено дрво со широки листови, а плод сличен на портокал, чија кора многу полесно се лупи, а вкусот е посладок.

Води потекло од Југоисточна Кина каде расте повеќе од 3000 години, а во Европа е пренесена во 19-от век. Наводно своето име го добила поради бојата на плодот. Во древното Кинеско Царство, високите државни службеници се нарекувале мандарини и носеле наметки во портокалова боја, па по нив овие слатки мали овошки го добиле името.

Во текот на ладните зимски денови треба да му овозможиме на својот организам доволно количество енергија за да го одржиме имуниот систем јак и да ги задоволиме неговите потреби за витамини и минерали. Токму мандарините се совршени за овој период од годината бидејќи се богати со витамини, минерали и растителни влакна, не дебелеат, а се препорачуваат и за здрава кожа. Овие овошки имаат ниска калориска, а висока нутритивна вредност. Изобилуваат со антиоксиданси (витамин Ц, Б1, Б3, Б6, Е, бета каротени, фолна киселина), минерали (калиум, калциум, магнезиум), флавоноиди, терпени и ксантофил.

Присутните состојки го заштитуваат организмот од слободни радикали, делуваат превентивно против одредедени облици на рак (рак на желудник, црн дроб, грло, бели дробови, простата) и го забавуваат процесот на стареење на клетките. Го зајакнуваат имунитетот, ублажуваат симптоми на настинка и го забрзуваат процесот на заздравување. Минералите овозможуваат стабилизирање односно намалување на покачениот крвен притисок, учествуваат во процесот на згрутчување на крвта, и го заштитуваат кардиоваскуларниот систем. Присутните растителни влакна ја регулираат работата на цревата, го забрзуваат метаболизмот и го зголемуваат чувството на ситост, што ги прави мандарините идеални за губење на вишокот телесна тежина. Бидејќи се богати со вода и витамин Ц, делуваат диуретично, помагаат во елиминирање на токсините од телото и во борбата против целулит. Свежите мандарини се корисни при астма, бронхитис, заболувања на дигестивниот тракт како и за стимулирање на апетитот. Сокот од овие овошки помага во згаснување на жедта при покачена телесна температура и против цревни паразити (хелминти), а надворешно против кожни габични заболувања. Бидејќи имаат низок гликемиски индекс, значи природниот шеќер полека се ослободува во крвта, се препорачуваат како меѓуоброк за дијабетичари.

Етерното масло од кора од мандарини има антисептично и тонизирачко својство, го заштитува телото од Staphylococcus aureus, ублажува болни грчеви во респираторниот, дигестивниот и нервниот систем, се применува во купки за опуштање, против несоница и за оштетена кожа.

 

Земјотресот со јачина од 5,3 степени што вечерва во 22:43 часот беше почувствуван во земјава, ги вознемири жителите на Битола, кои во голем број ги напуштија своите домови.

About the author /


Related Articles

Временска прогноза