ВО БЛИЗИНА НА „ДАМЈАН“ ПРОНАЈДЕН НАЈГОЛЕМИОТ АНТИЧКИ РУДАРСКИ ГРАД

Во близина на напуштениот рудник „Дамјан“ кај Радовиш пронајден најголемиот антички рударски град Марчово

Овој град кој и во турските списи од средниот век бил споменуван како најголем, конечно е откриен во близина на радовишкиот напуштен рудник за железо Дамјан.

Заврши децениската потрага по изгубениот антички рударски град Марчово. Овој град кој и во турските списи од средниот век бил споменуван како најголем, конечно е откриен во близина на радовишкиот напуштен рудник за железо Дамјан.

Пронајдените артефакти ја потврдија легендата за неговото постење, велат археолозите од струмичкиот и штипскиот Музеј кои деновиве интензивно работат на овој локалитет.

Марчово важел за најголем  рударски град, каде живееле над 20.000 жители, претежно рударски семејства. Како остатоци кои го потврдуваат постоењето на  најгусто населениот рударски град од античкиот период, се над 50 гробови, еднокорабна црква и монети.

Во непосредна близина на некогаш изгубениот рударски град Марчово, на локалитетот Врчва истиот археолошки тим пред половина година, пронајде   и остатоци од рударска населба за која се претпоставува дека потекнува од 6-5 век пред нашата ера. Со овие наоди се укажува дека Боров Дол, односно радовишкиот регион бил важен рударски центар уште од времето на пајонско-македонската бронза.

 

Александра Ристевска

Извор: АЛФА ТВ

 

Related Articles

Временска прогноза