Овој свечен настан традиционално се организира секоја година во општина Конче, по повод 21 декември-Денот на наставата на Турски Јазик.
На оваа свечена прослава настап имаа повеќе фолклорни ансамбли односно Фолклорна група од село Бучим, фолклорна група од село Дедино, фолклорна група на село Аликоч и Коџалија, и фолклорна група од Конче.
Во склоп на самиот настан се одржа и театарска претстава од страна на учениците на ОСУ „Коста Сусинов“ од Радовиш и ООУ „Гоце Делчев“ Конче, а беа прочитани и многу песни од страна на учениците.
На овој свечен настан присуствуваше и градоначалникот на општина Конче Благоj Илиев каде што им го честиташе 21 декември-Денот на наставата на Турски Јазик во Македонија.
Градоначалникот на општина Конче имаше средба со гостите од други општини Радовиш, Валандово, Струмица и Скопје, како и од Турција, Холандија кој присуствуваа на оваа прослава.
Репортажа: Февзи Салиов