МАЈИЌ ОД РК РАДОВИШ ПРВ СТРЕЛЕЦ ВО РАКОМЕТНАТА СУПЕРЛИГА

Иако РК Радовиш беше слободен во 14. коло од Супер лигата, Мирко Мајиќ остана во водство на Листата на стрелците и ќе остане на ова место до почетокот на пролетниот дел од сезоната во кој ќе бидат одиграни уште четири кола.

Мајиќ има убедливо водство и засега нема конкуренција така што останува со убавата предност на челната позиција и со најголеми шанси за да остане на врвот и после завршувањето на сезоната. Сепак, дотогаш има време, а засега може мирно да одмори во паузата и да ги очекува последните четири кола од сезоната.

Извор: 24rakomet

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза