Учениците одбојкари од ООУ „Коста Рацин“ од Подареш на регионалниот турнир во Одбојка за основините училишта кој беше одржан во Пробиштип го освоија првото место.
На овој мини-турнир учествуваа училишта од Велес, Пробиштип и Радовиш. Нашиот град покрај одбојкарската екипа од Подареш, имаше и втор претставник и тоа ООУ „Никола Карев“.
Финалниот натпревар беше радовишки – каде што се сретнаа ООУ „Коста Рацин“ од Подареш и ООУ „Никола Карев“, подобри беа учениците од Подареш.
Учениците од ООУ „Коста Рацин“ од Подареш на овој турнир одиграа три натпревари каде што и трите ги добија со 3-0 во сетови.