ЈУГОИСТОКОТ ЌЕ ГРАДИ ПРИФАТИЛИШТА ЗА КУЧИЊА

Десетте општини од југоисточниот плански регион заеднички ќе го решаваат проблемот со кучињата бездомници. Преку центарот за развој идната година планираат да изградат две прифатилишта за кучиња и тоа во Струмица и Гевгелија. Ова e заклучокот на градоначалниците од југоистокот кои овој проблем го нотираа како приоритет за решавање идната година, јави 24 Вести.

„Планирани се две прифатилишта поради типот на регионот, да бидат опфатени буквално сите општини. Едното прифатилиште ќе биде во Струмица и ќе ги опфаќа општините од струмичкиот микрорегион и дополнително Радовиш и Конче, а другиот во општина Гевгелија и во него дополнително ќе влезат Валандово, Дојран и Боганци“, вели Жулиета Ѓуркова – раководител на ЦРЈПР.

Прифатилиштата за кучиња бездомници ќе функционираат по пат на меѓуопштинска соработка а за што ќе формират регионално јавно претпријатие информираа од Центарот за развој на југоисточниот плански регион. Средствата во висина од околу 9 милиони денари ќе се обезбедат од бирото за регионален развој но и од самите општини.

„Идејата е да се направи меѓуопштински договор и најверојатно ќе биде формирано посебно претпријатие каде ќе има обучени луѓе за заловување на кучињата, од една страна, а од друга страна ќе има склучено договор и со ветеринарни станици каде ќе се врши лекувањето на оние болни кучиња“, вели Ѓуркова.

 

Извор: 24 Вести

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза