ФК ДЕТОНИТ ЕСЕНСКИ ШАМПИОН ВО ТРЕТАТА ЛИГА ЈУГОИСТОК

Последното 12 коло од есенскиот дел во Третата фудбалска лига (југоисток), кој беше закажан вчера на градскиот стадион во Радовиш помеѓу екипите на ФК Детонит и ФК Младост од Удово, и покрај студеното време – присутната публика немаше задоволство да проследи еден целосен и интересен натпревар.

Гостите од Удово пристигнаа со само 7 играчи со што според правилата имаше услов за започнување на натпреварот, но после одиграни 10 мин, и постигнати 4 гола за нашиот Детонит, и повредата на еден од гостинските играчи натпреварот беше прекинат и завршен, бидејки според правилата на минимумот 7 играчи кои треба да бидат во екипа.

ФК Детонит Радовиш е апсолутен шампион во Третата фудбалска лига (југоисток), со 12 одиграни натпревари и 12 победи, се надеваме дека следната сезона нашите фудбалери ќе ги видиме во повисокиот ранг Втората фудбалска лига на Македонија заедно со ФК Плачковица, Радовиш би имала два второлигашки клуба.

Честитки за нашите фудбалери и продолжување на низата победи и во пролетниот дел од сезоната.

ФК ДЕТОНИТ – ФК МЛАДОСТ (4-0)

 

 

Related Articles

Временска прогноза