ПОДДРШКА НА ФАРМЕРИТE: ДОНИРАНА ЗЕМЈОДЕЛСКА МЕХАНИЗАЦИЈА ОД СТРАНА НА „ТИКА“

Tурската агенција за координација и соработка ТИКА“, денес донираше земјоделска механизација  која ке ја користат околу 200 фармери.

Во склоп на оваа донација Претседателството на Турската агенција за соработка и координација при Владата на Република Турција додели 20 тракторски фрези и 20 тракторски прскалки на заедничко користење на околу 200 фармери од регионите на Штип, Радовиш, Конче, Градско, Валандово, Дојран и Демир Капија кој што претходно беа вклучени во проектите за развој на овошторставото во Источна Македонија каде што беа донирани садници на цреша, орев, сливи и бадеми.

Претставниците од „ТИКА“ имаа прием во кабинетот на Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов, а потоа свечено беа доделени договорите  од страна на Координаторот на програмската канцеларија на „ТИКА“ во Скопје Ајтекин Ајден, Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов, и Градоначалникот на општина Конче, Благој Илиев за потоа да се пристапи со доделување на земјоделската механизација на фармерите.

 

Градоначалникот Конзулов ја искажа благодарноста од име на општина Радовиш за доделувањето на оваа донација за фармерите кои беа вклучени во овој проект, а исто така искажа благодарност до „ТИКА“ за досегашната соработка и донациите кои се реализираа во нашата општина. Градоначалникот Герасим Конзулов истакна дека соработката помеѓу општина Радовиш и „ТИКА“ ќе продолжи и понатаму каде што би резултирало со уште позначајни проекти.

Related Articles

Временска прогноза