ДИЗЕЛ ГОРИВОТО ПОСКАПО ЗА 3,5 ДЕНАРИ ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕНАТА АКЦИЗА

Првиот ден од 2018 година донесе повисока цена на дизел горивото, кое сега чини 3,5 денари повеќе од претходно, поради зголемената акциза, која порасна за толкав износ. Од вчера на бензинските станици дизел горивото чини 58,5 денари.

Зголемувањето на акцизата беше најавено на почетокот на ноември при презентацијата на предлог буџетот за 2018 година. Тогаш министерот за финансии истакна дека поскапувањето на дизелот нема да предизвика раст и на цените на другите производи. Образложението за зголемувањето на акцизата беше дека тоа ќе придонесе за намалување на загадувањето, бидејќи ќе ги дестимулира граѓаните да возат дизел возила, кои важат за значителни загадувачи.

About the author /


Related Articles

Временска прогноза