НАГРАДИ ЗА ЛИЦАТА КОИ ГО ФАТИЈА КРСТОТ НА БОГОЈАВЛЕНИЕ-ВОДИЦИ

Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов, денес одржа прием на сите лица кои за празникот Богојавление – Водици ги фатија светите крстови во општина Радовиш.

На овој прием од страна на Градоначалникот беа доделени предвидените награди за сите среќни добитници. Никола Атанасов кој го фати светиот крст во Радовиш доби награда 40” Телевизор, а останатите момчиња добиа парична награда од 7,000 ден.

Беа наградени следните момчиња :

Никола Атанасов (Радовиш)

Мартин Глигоров (Раклиш)

Дине Цинцовски (Ораовица)

Роберт Коцев (Подареш)

Мите Маринков (Јаргулица)

Герчо Милчев (Покрајчево)

Стојче Илиев (Злеово)

Серафим Стојанов (Калугерица)

На крајот, Градоначалникот на сите им посака многу здравје, среќа и бериќет ним и на нивните семејства.

About the author /


Related Articles

Временска прогноза