УСВОЕНА ГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА ИЗГРАДБА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА ЗА 2018 ГОДИНА
На последната Седница на Владата на Република Македонија усвоена е Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација и одржување на државните патишта за 2018 година на ЈП за државни патишта.
Врз основа на Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација и одржување на државните патишта за 2018 година планирани се инвестиции во вкупна вредност од 16 748 600 000 денари и тоа за следните проекти:
-
Од сопствени средства предвидена е реализација на:
– Градежни работи на делница Опае – Бељановце – Станчиќ
– Продолжување и рехабилитација на државен пат А1 делница Неготино-Демир Капија
– Доизградба на Регионален пат Крак 1 – (Фаза 2) на потег фабрика Вевчанка – Здравствен дом Вевчани
– Рехабилитација на државен пат 1301, делница Охрид кај бензинската пумпа Билјанини извори – Коњско
– Рехабилитација делница Сарај- Групчин
– Рехабилитација Петровец – Миладиновци и Кадино – Хиподром
– Рехабилитација на делница Битола – Новаци
– Рехабилитација делница Петровец – Катланово
– Рехабилитација државен пат Р1202 кружен тек ГП Блато
– Рехабилитација А3 Јанковец – Ресен – Макази
– Рехабилитација делница мост Близанско – Калуѓерац
– Рехабилитација на државен пат Р2234 делница Пршовце – Јегуновце
– Рехабилитација делница Берово – Струмица
– Рехабилитација бавна лента Валандовско брдо
– Рехабилитација делница Гостивар до с. Колари
– Рехабилитација делница Ропалце – Матејче – Липково
– Изградба на наплатни станици на автопати (преод Кадрифаково- Арбиново)
– Санација на мостови на државен пат А2 Гостивар (мост кај с. Здуње) до с.Колари
– Изградба на мост на државен пат Р2136 на река Пчиња кај Коњаре
– Санација на горен строј на мостови
– Санација на свлечишта
– Осветлување на повеќе клучки и мостови
– Поставување на сообраќајна сигнализација и опрема на патишта
-
Со заем од Ексим Банка ќе се реализираат следните проекти:
– Продолжување на изградба на автопат Кичево –Охрид
– Продолжување на изградба на автопат Миладиновци – Штип
-
Со заем од Светска банка ќе се реализираат следните проекти:
– Регионален пат Р1207, Младо Нагоричане – граница Пелинце, должина 19 км
– Државен пат А3е, Делчево – Звегор, должина 5 км
– Државен пат А4, Струмица – Ново Село – МК / БГ граница, должина 20 км
– Регионален пат Р1106, Јурумлери – Драчево, должина 5 км
– Регионален пат Р1107, Кавадарци – Росоман, должина 11 км
– Регионален пат Р1109, Дедели – Фурка – Богданци – Гевгелија, должина 24 км
– Регионален пат Р1204, Куманово – Свети Николе, должина 25 км
– Регионален пат Р1209, Тетово – Попова Шапка, должина 15 км
– Регионален пат Р1302, Делчево – Пехчево, должина 15 км
– Регионален пат Р1304, Берово – Виница, должина 7 км
– Регионален пат Р1305, Битола – Демир Хисар, должина 10 км
– Регионален пат R2131, Драчево – Орешани – Таор, должина 10 км
– Рехабилитација на државен пат А3 делница Кочани-Делчево
– Санација на свлечишта Лот 1 Тетово – Попова Шапка, Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево
– Санација на свлечишта Лот 2 Лакавица – Неготино, Делчево – Берово, Битола – Новаци
– Проект за проценка на безбедноста на патиштата –IRAP
– Изградба на експресен пат делница Ранковце-Крива Паланка
-
Со заем од Европската банка за обнова и развој ќе се реализираат следниве проекти:
– Реконструкција на обиколница Кочани
– Прoширување на левиот коловоз и реконструкција на двата коловози на патен правец Катланово-Петровец
– Реконструкција на автопатска делница Миладиновци-Петровец
– Реконструкција на автопатската делница Хиподрoм – Петровец
– Реконструкција на автопатска делница Миладиновци-Хиподром
– Реконструкција на патен правец Пробиштип–Крупиште
– Реконструкција на патен правец Маврови Анови-Жировница
– Реконструкција на трета лента на патен правец Фаришка клисура -Прилеп
– Реконструкција на патен правец Штип–Радовиш, должина 20 км
– Реконструкција на патен правец Кривогаштани-Крушево
– Реконструкција на патен правец Карпалак – Желино
– Реконструкција на патен правец Крива Паланка-Ранковце
– Реконструкција на патен правец Скопје-Блаце
– Реконструкција на патен правец Подмољњ-Струга-Ќафасан
– Реконструкција на патен правец Куманово- Свети Николе
– Реконструкција на патен правец Битола-Меџитлија
– Реконструкција на патен правец Битола-Демир Хисар
– Реконструкција на патен правец Крушево – Демир Хисар
– Реконструкција на патен правец Катланово-Велес
– Реконструкција на патен правец Куманово-Опае
– Реконструкција на патен правец Велес-Градско-Неготино-Демир Капија
– Реконструкција на патен правец Никуштак-Куманово
– Реконструкција на патен правец Другово-Демир Хисар
– Реконструкција на патен правец Македонска Каменица-Саса
– Реконструкција на патен правец Кичево-Македонски Брод
– Реконструкција на патен правец Узем-Тораница
– Изградба на спој на експресен пат Велес – Кадрифаково со постојан регионален пат 1204
– Проект за воведување на електронски систем за наплата на патарини на Коридор 10
– Изградба на експресен пат Градско – Прилеп, делница Фаришка – Дреновска клисура
– Изградба на експресен пат Штип – Кочани
– Изградба на експресен пат Штип – Радовиш
– Воведување на дигитална архива
- Инвестиционо одржување на патишта кои ќе се реализираат преку договорот со ЈП Македонија пат
- Изработка на проектна документација и надзор над градежните работи на државните патишта (изработка на физибилити студии, инфраструктурни проекти, студии за животна средина, основни проекти, како и надзор на изградбата и одржувањето на патиштата).
Владата на Република Македонија интензивно ќе продолжи со изградба и реконструкција на патната инфраструктура со цел да се стимулира економскиот раст и развој на земјата.