Согласно Законот за ловството донесен во 2009 – тата година на 01 февруари започнува ловостојот за одреден вид на заштитен дивеч.
Според ценовникот, доколку бидете фатени во криволов на дива свиња (нерез) ќе треба да платите казна од 3000 евра, додека за дива свиња – женка, казната изнесува 1.500 евра.
Ловостојот не се однесува на машките видови дивеч и тоа: срнак, обичен елен, елен лопатар, муфлон и дива свиња, доколку истиот се одгледува во оградени простории за интензивно одгледување и застрел на дивеч.
Наредната недела ловостој се утврдува за срна, младенчиња – едногодишни и двегодишни од срна и трае до 30-ти септември, за обичен елен и елен лопатар кој трае до 30-ти август односно 15-ти септември, се утврдува забрана за ловење за муфлон машки, муфлон женски и младенчиња едногодишни и двегодишни од муфлон од 1 февруари па се до 30 септември, како и за дива свиња од четврток (01 февруари) па се до 30-ти септември.