(фото+видео) БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ 2018 ВО РАДОВИШ

Најсреќен оваа година кој успеа да го фати чесниот крст беше Никола Атанасов кој од пријавени кандидати беше најбрз и најсреќен, од Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов доби награда, исто така подароци му додели и овогодишниот кум, а доби подарок и Православната црква од Радовиш и Зегин.

Чествувањето на големиот православен празник Богојавление-Водици 2018 во Радовиш започна со света божествена литургија во двата храма Св.„Пророк Илија“ и Св. „Троица“, од каде што после литургијата верниците во „Литија“ се упатија кон базенот Шампион.Овде на базенот Шампион се изврши големиот водосвет, по кој ќе следуваше фрлањето на крстот.

Градоначалникот Герасим Конзулов награди им додели на сите момчиња кои успеаа да го фатат Светиот крст во сите населени места во општина Радовиш.

Кумството од овогодишната манифестација од страна на Бојан Митевски беше предадено на Љупчо Камчев кој ќе биде кум за наредната година.

Среќното момче кое го фати светиот крст во Радовиш е 17 годишниот Никола Атанасов кој за прв пат се фрла и го фаќа крстот.

Posted by Televizija Kobra on Friday, 19 January 2018

About the author /


Related Articles

Временска прогноза