Денес во просториите на Библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Радовиш по седми пат беше поставена традиционалната хуманитарна акција „Божиќна трпеза“.
Оваа хуманитарна акција е по повод Божиќните празници, под покровителство на Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов, во организација на „Женска акција“ и Студио за модерен балет „Газели“ од Радовиш.
Основната цел на акцијата е да се мобилизира духот на заедништво, толеранција, грижата не само за себе и сопствената егзистенција, туку и да се разбуди желбата за грижа кон другиот, потребата за делење и подарување. Знаеме дека Божиќ сам по себе е молитва, дарување, милост, емпатија, простување, желба за мир и соживот истакнаа од организаторите.
Инаку во хуманитарната акција се вклучија и голем број наши сограѓани донирајки прехрамбени производи кои со нивната љубезност, великодушност и хуманост се придружија да помогнат и ги разубават божиќните празници на оние семејства кои им е портебно. Исто така граѓаните можеа да донират и финансиски средства потребни за набавка на продуктите, а беше одржана и хуманитарна божиќна балетска претстава од Студио за модерен балет „Газели“ од Радовиш.