РАДОВИШ ОСТАНА БЕЗ НОТАР И НОТАРСКИ УСЛУГИ !

Радовиш​ остана без нотар, граѓаните за нотарски услуги одат во Струмица ….

Околу две недели Радовиш е без нотар и нема кој да ги завршува основните нотарски услуги. Поради пензионирање на нотарот Стојчев Јован ,кој беше и единствен нотар во Радовиш, гарѓаните останаа без оваа услуга. Според законот постапката за избирање на нотар трае 6 месеци.

Во овој временски период за нотарски услуги граѓаните на Радовиш ќе мораат да одат во Струмица. На вратата на Основниот Суд Радовиш јасно е истакнато известување дека за нотарски услуги е задолжен нотарот Јанко Милушев од Струмица.

Граѓаните изреволтирани велат дека тоа за нив е дополнителен торшок и губење на време. Граѓаните изреволтирани и збунети велат дак се повеќе се намалуваат јавните услиги во радовиш. Пред околу три години останаа и без единствениот шалтер на ЕВН во Радовиш и за најмала услуга морат да одат во Струмица, а сега и без нотар па се прашуваат што ќе биде следно.

Но како и секогаш и во овој сличај граѓанинот го извлекува подебелиот крај инаку според законот Нотарот се именува со решение на министерот врз основа на конкурс.

(2) Конкурсот за именување на нотари го распишува министерот, а го спроведува Комората која за таа цел формира комисија составена од 5 (пет) члена.

(3) Во конкурсот се определува подрачјето за кое треба да се именува нотар.

(4) Конкурсот за именување на нотари се објавува во “Службен весник на Република Македонија” и во два дневни весници,

(5) Рокот за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на конкурсот во “Службен весник наРепублика Македонија”.

(6) Пријавите со прилозите со кои се докажува дека се исполнети условите за именување на нотар, се поднесуваат писмено до Комората.

(7) По истекот, Комората е должна примените пријави да ги достави до министерот, со свое мислење, најдоцна во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на завршување на конкурсот. (1) По именувањето, нотарот е должен да даде свечена изјава пред министерот, претседателот на Врховниот суд на Република Македонија и претседателот на Комората. Нотарот има само еден службен печат, сув жиг и жиг за восок добиени од комората на негов трошок.

Ако на подрачјето на основниот суд има до 20.000 жители според последниот службен попис, треба да има најмалку по еден нотар. во општина радовиш со околу 15-тина населени маста има околу 28 илјади жители..

И целата ова постапка за избор на нов нотар трае 6 месеци . Нотарот е должен да започне со работа во рок од 3 (три) месеци од објавениот датум за почетокот со работа во “Службен весник на Република Македонија”. тоа значи дека граѓаните на Радовиш ќе бидат околу 9 месеци пез нотар. Неофицијално дознаваме дека има 9 кандидати за нов нотар на Радовиш

 

ТВ КОБРА прилог:

Општина Радовиш​ остана без нотар,граѓаните за нотарски услуги одат во Општина Струмица​

Општина Радовиш остана без нотар,граѓаните за нотарски услуги одат во Општина Струмица

Posted by Televizija Kobra on Tuesday, 23 January 2018

 

Related Articles

Временска прогноза