Неисплатени плати и заглавени дела кај извршител за поднесени тужби е сосотојбата со вработените од „Јака 80“ од Радовиш фабрика за лекови некогаш препознатлива во Македонија и пошироко.
Околу 50 сегашни и поранешни вработени денеска се собраа на мирен протест пред влезот на ,,Јака 80,, да си ги побарат своите права односно да се реши нивниот статус. Со работен стаж од 30 и над 30 години вработените се оставени на улица, и бараат да им се плати тоа што ги следува. Последната година освен стражарите во фабриката не работи никој. Но останаа неисплатени плати и нерешен статус, како и по 8 години заглавени дела кај извршител.
Во 1998 година државата ја продаде „Јака 80“ на српски бизнисмен, тогаш биле околу 500 вработени во фабриката. Но пред 10 година повеќето биле отпуштени или сами се откажале, бидејки машините биле префрлени во погон во Скопје и вработените морале секојдневно да патуваат.
Тие си ги бараат своите тешко заработени пари и нема да се откажат...
Со мирни протести денес вработените од Јака -80 Радовиш си ги бараат заостанатите плати
Со мирни протести денес вработените од Јака -80 Радовиш си ги бараат заостанатите плати
Posted by Televizija Kobra on Monday, 26 February 2018
Вработените велат дека случајот го пријавиле и во министерството за труд и социјална политика од каде кратко им одоговориле парите да си ги барат преку суд, но делата заглавиле кај извршител, тие велат дака нема да се откажат и ке продолжат со протести.
Прилог: ТВ Кобра