Парични казни за не носење возачка книшка за пишување негативни поени

Парични казни за не носење картичка за пишување негативни поени – таканаречената возачка книшка 

Во законот за прекршоци, таканаречената возачка книшка или пак позната како книшка за казнени поени е задолжителен документ. По најавата за засилени сообраќајни контроли на МВР, полицијата во многу случаи од возачите бара дали ја носат со себе и оваа легитимација. Законот за прекршоци предвидува парична казна од 100 евра или 40 мандатни поени за не носење на возачка дозвола, а со истата казна е регулирано и доколку возачот нема во автомобилот книшка за казнени поени. контроли на
 
Ако  возачот  за  период  од  последните  3  години  постигне  или  надмине 100 негативни бодови во сообраќајот на патиштата, полицискиот службеник ќе достави барање за поведување на прекршочна постапка до судот заради изрекување на прекршочната санкција – престанок на важење на возачката дозвола.
 
За прекршоците, со кои е предвидено изрекување на мерка забрана на управување со моторно возило, полицискиот службеник ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка до надлежниот суд.

Опис: Возачка книшка е јавна исправа што ја издава надлежен орган, во која се запишуваат негативни бодови во прекршочната постапка што се води за прекршоци во областа на сообраќајот на патиштата.

Орган што ја издава: Возачката дозвола ја издава Министерството за внатрешни работи. Возачката книшка се издава врз основа на лично поднесена пријава од возачот до организационата  единица  на  Министерството  за  внатрешни  работи  според  неговото живеалиште.
 

Потребна документација: 

– пријава за возачка книшка

– уплатница од 100 ден

– фотокопија од лична карта

– фотокопија од возачка дозвола

– 2 фотографии до димензија 3,5 X 4,5 см

( Можност и за безготовинско плаќање)

About the author /


Related Articles

Временска прогноза