Изгореа вилушкари, автомобил и други предмети во магацин во Сулдурци
На 21/22 февруари во временскиот период од 20 до 7 часот во радовишкото село Сулдурци во магацин на фирма, од засега непознати причини избувнал пожар.
Од пожарот биле опожарени магацинот со дел од покривната конструкција, два рачни вилушкари, електронска вага, семенски материјал, кутии со разновидна стока со земјоделски производи, како и патничко моторно возило форд транзит, кое било паркирано до магацинот. Од пожарот била причинета материјална штета од околу 1.000.000 денари,- пренесува Нова Македонија.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Радовиш.