54 години од првата генерација матуранти од Гимназијата во Радовиш
Историјат за училиштето
Во моменти на тешки услови со големо оспорување од струмичани кои веќе имале гимназија се направиле првите заложби за отварање на гимназија во Радовиш.
За решавање на оваа прашање тогашните локални власти го известиле Општинскиот одбор во Радовиш кој донесе одлука да се започне со изградба на зграда за гимназија во Радовиш. Со многубројни понатамошни оспорувања, но со разбирање од секретарјатот за образование во тоа време во 1954 година се започна со изградба на зградата за гимназија. Всушност тоа беше истата зграда што изгоре во 2008 година, а беше лоцирана и изградена на местото на бившата жандармерска станица.
Во 1958 година со работа започна гимназијата. За изградба на оваа зграда тогашните извоиле по една плата на рати. Во текот на времето гимназијата го менувала своето име:
- 1960 / 61 година – гимназија Страшо Пиџур
- 1977/78 година – гимназија Коста Сусинов
- 1982/83 година –ЦСНО Јосип Броз
- 1993/94 година – ЦСНО Коста Сусинов
- 1999/2000 година – ДСУ Коста Сусинов
Во учебната 1960/61 година во училиштето учеле 38 ученика, за да сега бројот на учениците достигне до 890. Токму таа прва генерација денес прославува педесет години од матурирањето. Денес гимназијата лоцирана во источниот централен дел на градот со добар транспортен пристап до него, училиштето опфаќа ученици од општините Радовиш, Конче, а еден мал дел и од соседните општини, па и пошироко.
Денешната местоположбата на училиштето овозможува комуникација со поголем број ресурси со кои располага опкуржувањето: културни, образовни, здравствени, спортски, стопански и нестопански објекти. Од својот почеток па се до денес училиштето постигнува солидни резултати во своето работење кои овозможија афирмација на локално ниво и пошироко. За ова сведочат голем број доделени награди и признанија.