РАДОВИШ- ГРАДОТ СО НАЈУБАВА ЦРКВА

Радовиш – град во југоисточниот дел од Република Македонија. Градот е втор по големина во југоисточниот регион, сместен во подножјето на планината Плачковица и северниот дел на Струмичко-радовишката Котлина.  

Радовиш е градот познат по Црквата „Св. Троица“, Крстот над Радовиш, автентичниот крст на Црквата „Св. Илија“, Свети Спасо Радовишки, планината Плачковица, рудникот Бучим, и Радовишкиот самун, тутунот.
Територијата на општина Радовиш е богата со истражени и голем број неистражени археолошки локалитети, манастири и цркви кои се дел од богатата ризница на споменици на културата.

Во хидрографски поглед општината е интересна, со појава на подземни води, извори и површински водотеци како и со помали вештачки акумулации. Во Радовиш постојат неколку населби, нас. Раклиш, нас. Куклевица и др . Познати маали се: Шаин маале, Варош, Лисец маало, Шопска маала, Егејска маала и др.
Во Радовиш работат две институции од областа на културата: Центар за култура „Ацо Караманов“ и Градска библиотека „Браќа Миладиновци“. Исто така во Радовиш постои „Етнолошки музеј“ каде што се наоѓа вредна „Етнолошка збирка“ од Радовишкиот крај.

Познати се фолклорните ансамбли: Ф.А „Бучим“, Ф.А. „Ацо Караманов“, и аматерските драмски студија. Во текот на годината се одржуваат: „Радовишкото културно лето“, Детскиот фолклорен фестивал „Оро весело“, „Карамановите поетски средби“, Манифестацијата „Самун ем Татлија“ и др.
Како културно-историски вредности кои што ги поседува Радовиш се Црквата „Св. Троица“, Параклисот Св. Спасо Радовишки, „Црква Св. Илија“, „Туљбето“ и „Крстот над Радовиш“.
 

Една од најбогатите, најукрасените и најафтентичните цркви на Балканот, се наоѓа во Радовиш. Црквата “Св. Троица” е соборна црква во Радовиш, и претставува едно грандиозно дело, едно вистинско неверување за очи, кога ќе се погледне на прв поглед, затоа што во оваа црква е вградено толку голема љубов и внимание, што ја прави една прекрасна комбинација на духовното и уметничкото. Она што особено остава без здив е иконописот на црквата, изработен од 24 каратно злато, но она што треба да се забележи е и присуството на антички белези во внатрешноста, односно ликовите на Александар и Филип Македонски, како и ѕвездата од Кутлеш.

Богатството на шумскиот фонд, разновидноста на флората и фауната, чистата и здрава околина, конфигурацијата на теренот, реките и вештачките акумулации го прават регионот атрактивен за рекреативно-спортскиот, ловниот, риболовниот и селскиот туризам.

Радовиш, како град со мултикултурно живеење, има голем потенцијал да привлече внимание со својата традиционална кујна. Мирисот на лебот, баклавите и сомуните испечени во фурна на жар, специфичната афионова сол, самуните, маџуните и ашурето се само дел од „марифетите“ што ја прават посебна радовишката кујна.

.

 

 

 


About the author /


Related Articles

Временска прогноза