ЕУ го одобри укинување на летното и зимското сметање на времето

Европскиот парламент денеска го одобри предлогот за укинување на летното и зимското сметање на времето, но конечната одлука за тоа треба да ја донесе Европската комисија.

Европратениците бараат Европската комисија да го поддржи ваквиот предлог, која досега се залагаше за задржување на сезонското сметање на времето.

– Многу сум задоволен што по неколку години дискусии на ниво на Комитетот во Европскиот парламент, од кои јас сум единствениот член од Ирска, предлогот беше дебатиран и изгласан денеска во Парламентот, изјави европратеникот Шон Кели.

Тој побара од Европската Комисијата да излезе со препорака да се стави крај на менувањето на времето двапати во текот на една година.


Имено, околу 70 пратеници во Европскиот парламент побараа укинување на промената на времето два пати годишно. Тие сметаат дека насилната промена на времето претставува беспотребно трошење.

Нешто слично во 2011 година направија Русите, кога го вратија часовникот за еден час на пролет и останаа на летното сметање на времето, кое што го корегираа во 2014. враќајќи се на оригиналното зимско сметање и оттогаш не се менуваат.

Менувањето на времето помеѓу летно и зимско сметање се критикува како „опасна и безвредна“ навика, која што одамна ја надмина и не ја исполнува целта на заштеда на енергија. Според критичарите, таа цел никогаш не е исполнета, а во 21 век, односно во топлите летни ноќи, се троши дури и повеќе енергија на клими и вентилатори.

– Истражувањата покажаа дека 20 отсто од популацијата пати од здравствени проблеми поради менувањето на времето, истакна Павел Свобода, чешки европратеник.

Според критичарите, во Европа во неделата кога се менува времето се случуваат 30 отсто повеќе сообраќајни несреќи. Некои деца имаат послаб успех во школа, а вработените работат понеефикасно.

Во одредени ЕУ земји, како што се Германија, Белгија, Франција, Финска, Шведска, Словачка, Чешка и Холандија, започнати се кампањи и петиции кои се залагаат за користење само на летното сметање, па не би било изненадување доколку во ноември, Европскиот парламент ја изгласа таа резолуција.

Тоа што е интересно, во тој случај, би живееле во сатница која што не е природна, туку е конструирана пред скоро еден век. Причините за тоа се првенствено економски, со оглед на тоа дека луѓето често остануваат надвор.

Летното сметање на времето е смислено пред 110 години од страна на Вилијам Вилет, кој забележал дека Британците во лето спијат кога сонцето изгрева, а за време на ноќта палат свеќи за да работат.

Неговата идеја од почеток била измеана, а една година по неговата смрт во 1915 година, Германија го усвои неговиот предлог. Месец дона подоцна примерот го следеле и Британија, Белгија, Данска, Франција, Италија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Португалија, Шведска и Турција.


Зошто воопшто е воведено сезонското сметање на времето?

Освен негативното влијание на човечиот биоритам, поместувањето на стрелките на часовникот доведува и до поголем број на сообраќајни несреќи, поголеми пореметувања во семејството, како и до пад на продуктивноста на работното место.Од 1983 година во Србија, стрелките на часовникот се поместуваат за еден час понапред во месец март, за да потоа на есен повторно се вратат наназад. Сепак, таквата одлука ја донеле помалку од 40% од државите, а многу од нив и немаат потреба за тоа.

Историјата на летното сметање на времето ни открива, зошто жителите на некои држави се будат порано.„Рано се разбудив и се изненадив што Сонцето излезе многу порано пред вообичаеното“, забележал во својот хумористичен текст во 1784 година, американскиот политичар Бенџамин Френклин.

Тој дури и предложил да со огнено оружје на плоштадот, во раните зори ги буди грагаѓаните.Сепак писмото немало сериозен тон, а тоа што еден од творците на американската Декларација за независност остана запаметен во историјата, е по летното сметање на времето, кое иако без топовско распалување, ритамот на животот почна да лета и да се менува.

Еден век подоцна, иницијативата за поместување на стрелките станала почеста. Етномологот од Нов Зеланд, и астроном Џорџ Вернон Хадсон предложил да тие се поместат дури два часа нанапред. Причините за неговиот предлог биле од лична природа. Му била потребна Сончева светлина за да може после пладне да собира инсекти.

За рано станување се залагал и Британецот Вилијам Вилит (1856-1915) градител и љубител на голф и уживање во природата.

„Едно летно утро во 1905 година, додека уживал во утринското јавање пред доручек, сватил дека многу малку луѓе уживаат во, како што се сметало, најубавиот дел од летниот ден, и таа добил идеја да ги помести стрелките на часовникот нанапред и овозможил на сите да уживаат во сјајните и прекрасни утра. Освен тоа, вечерните прошетки (и останатите работи) би се вршеле стандардно“, се наведува во текстот.

Година дена по неговата смрт, среде Првата светска војна, неговата идеја е реализирана.

Главната причина била заштеда на енергетските ресурси, за да може да се користат за потребите на војувањето.

Во Европа тој потег прв го повлече Германија на 30 април, а месец дена подоцна, Велика Британија и многу други земји. Наредната 1917 година, и Русија ги помести стрелките, а САД во 1918.

Фармерксото лоби набрзо по војната издејствува да се укине летното сметање на времето во САД, а претседателот Вудро Вилсон порача дека земјата по „војната“ повторно ќе се врати на „божјото време“.

Втората светска војна го „забрза“ времето и во САД, по 40 дена од бомбардирањето на Перл Харбор, Американците го воведоа целогодишното летно време. А потоа настана хаос затоа што секоја локална самоуправа самостојно одлучувала по тоа прашање.

Еден од најголемите куриозитети во историјата на летното сметање на времето претставува Ајова, каде во педесетите и шеесетите години, постоеле дури 23 различни начини на преминување на летно, односно зимно сметање на времето.

Ништо подобро не било ни во Вирџинија, каде патниците на една автобуска линија, седум пати морале да ги поместуваат стрелките на часовникот, ако сакале да го знаат точното време.

Во Русија, после војната, не заживеале промените, се до 1981 година. Тој обичај, сепак, траел само 30 години, затоа што во 2011 година, Русија престанала да го користи сезонското време.

Во Западна Европа во седумдесетите години, станало вообичаено да се преминува на летното сметање на времето, а во 1996 година, се проширило на целата Европска Унија, која во 2002 година, воведе и прецизна процедура.

 

Related Articles

Временска прогноза