Енергијата и витамините од СУВОТО ОВОШЈЕ

Сувото овошје е вистински концентрат на хранливи материи и енергија, а поради тоа што содржи минерали и витамини, треба да се користи и како диететска храна. Разликата помеѓу сувото овошје кое има лушпа (ореви, кикиритки, лешници) и она што е меко (cмови, урми, кајсии) е во количеството што ги содржат. Имено во 100 г кикиритки има б80 калории, додека пак во сувите смокви или кајсии има 250-300 калории, што е за половина помалку (но сепак е многу!). Токму поради тоа, наместо сувото овошје да се консумира на крајот од оброкот, подобро е тоа да се земе како еден вид „енергетска лажица“ за време на првиот оброк.

Концентрирани витамини 
Поради тоа што при процесот на сушење овошјето губи вода, сувото овошје може да ги изгуби витаминот Ц и фолната киселини поради тоа што овие состојки се ратворливи во вода. Меѓутоа другите витамини остануваат во исто количество како и пред сушењето, или пак ги има во поголемо количество и покрај тоа што овошјето губи маса. Што се однесува до витаминот А, кој е корисен за очите и за кожата: свежите праски содржат 27 мцг во 100 г, а сушените дури 390 мцг во 1 00 г. Сувото овошје, а особено она со лушпа, содржи прилично количество витамин Е, кој е моќен природен антиоксидант, како и витамин Бб, кој има позитивно дејство врз нервниот систем и придонесува да се одржи доброто расположение.

 Одлична мешавина на минерали 
Изненадувањата кои ни ги нуди сувото овошје не престануваат тука: сите суви овошја се богати со калиум, минерал кој е корисен за мускулите, срцето и нервниот систем; со магнезиум, кој е есенцијален за правилното апсорбирање на калциумот и за хормонална рамнотежа; со фосфор, кој ги стимулира менталните функции. Освен тоа, сувото овошје е одличен извор на железо, кое дава физичка и ментална енергија и кое се користи против анемија.

Сувото овошје не содржи холестерол 
Мекото суво овошје не содржи никакви маснотии, а она суво овошје што има лушпа не содржи холестерол. Меѓутоа во ова суво овошје преовладуваат незаситените масти (кои ги има 40-50%), кои пак помагаат да се отстрани холестеролот од крвта со што го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести.

Добри се и за оние што држат диета 
Диетолозите не уверуваат дека сувото овошје, доколку се користи во умерено количество, е идеално за слабеење. Тоа ќе се случи само доколку не ја преминете границата од 20 до 30 г дневно (за сувото овошје со лушпа), или 40-60 г дневно (за мекото суво овошје).

Ореви секој ден
• Спречуваат тумори и го штитат срцето
Истражувачите од Универзитетот Пенсилванија ги расветлиле антитуморните дејства на некои флавоноиди што ги има во оревите (кверцетин и каемфероло). Но тие не запреле тука. Освен што содржат незаситени масти, кои имаат својства да го отстранат холестеролот, научниците во оревите пронашле уште една супстанција наречена ларгинин, која игра многу важна улога во одржувањето на тонусот на артериите и го спречува настанувањето на артериосклероза. Поради тоа, може да се рече дека оревите ги спречуваат инфарктот и мозочниот удар.
• За одлична и здрава кожа
Еден бразилски орев содржи доволно селен за задоволување на дневните потреби од овој минерал. Селенот го спречува дејството на слободните радикали: оние што живеат во градовите , пушат или се под стрес треба да јадат по еден орев на ден. Освен за здравјето, оревите ја штитат и кожата благодарение на природниот „лифтинг“ ефект.

Вкусно овошје со голема вредност
КАЈСИИ – го победуваат лошото расположение – содржат големо количество на витамин Б
КИКИРИТКИ – ги омекнуваат малите брчки – добар извор на бакар
ФСТАЦИ – се борат против слободните радикали – добри антиоксиданти
БАДЕМИ – придонесуваат за здравјето на забите, косата и ноктите – богати се со калциум
ЛЕШНИЦИ – го регулираат менструалниот циклус – добар извор на фитостерони
СЛИВИ – ја стимулираат работата на мрзливите црева – имаат многу целулоза
УРМИ – помагаат да се победи заморот – содржат многу шеќери
СУВО ГРОЗЈЕ – ги смируваат ревматските болки – содржат салицилна киселина
СМОКВИ – го регулираат притисокот – содржат многу калиум

Внимавајте на:
Мешавината за аперативи – често содржи многу сол, која доколку се користи често предизвикува задржување на водата и го зголемува ризикот од висок притисок
Квантитет – едно пакетче лешници содржи исто количество калории како и една пица
Чување – Сувото овошје со лушпа треба да се чува во кеси, за да не ги изгуби маснотиите кои ги содржат. Мекото суво овошје треба да се чува во херметички затворени садови, за дфа не се исуши.

 



Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза