(Видео) АЛЕКСАНДАР ИЦОВ СО ВИДЕО ЗАПИС ОД НАЈНОВАТА ИНСТРУМЕНТАЛКА

Александар Ицов го претстави најновиот проект: Инструменталната „Николова единаесетка“

Деновиве Александар снимаше видео запис за инструменталното оро “Николова единаеска”.Ова е трето негово музичко дело, од кои претходно има две, отсвирени на различни инструменти. Инаку Александар доаѓа од Радовиш , а особено за истакнување е фактот што тој свири на пет инструменти. Александар е презадоволен од сработеното за новиот видео запис.

Проверете !

-Самото име “Николова единаеска” е посветена на моето синче, бидејќи се вика Никола и еве едно оро да одбележиме. Денес се снимаше спот во Охрид на повеќе локации. За добро ни се погоди денот, бидејќи неколку пати го одложувавме снимањето , поради временските прилики. Супер помина се, задоволен сум ,имаше  одлична соработка, истакна Александар.

Видео записот за “Николова единаеска” се снимаше на повеќе локации во Охрид, конкретно каналот Студенчишта, дел од охридското пристаниште, како и мостот  на желбите.

 

-Можам да кажам прекрасни локации избрани од ИН продукција. Прекрасни места, видео , мислам дека и на самите гледачи ќе им се допадне видеото. Станува збор за брз , единаесет осмински ритам,поразлично од претходните две ора, додава Александар.

Покрај оваа најнова инструменталка од Александар, претходно тој ги има и “Везана деветка” и естрадно “Ацево оро”. Видео записот е во соработка со ИН продукција.

Извор: estradaplus

About the author /


Related Articles

Временска прогноза